Компании
Значајни инвестиции и финансиски успех ја одбележаа јубилејната 2021 година за КаСис АД


КаСис АД Скопје минатата година ја заокружи со исклучителни финансиски резултати, но и значајни инвестиции кои доведоа до модернизација на сервиси и унапредување со нови фукционалности од една страна и зајакнување на системите од сигурносен аспекти од друга страна.
Во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година КаСис оствари нето добивка во износ од 32.909.483 илјади денари и 20% од добивката друштвото ја реинвестираше во унапреден безбеден екосистем и следење на светските трендови во индустријата за да им овозможи на постоечките корисници подобри услови за развој и поголем обем на работа, но и да привлече нови корисници.
„Новата година ја започнуваме со инвестиции за дополнителни хардверски и софтверски надградби со цел понатамошно зголемување на капацитетите и стабилноста на системите, модернизирање на платформата и развојот на нов интерфејс за комуникација со системот за електронска трговија cPay на КаСис, кој ќе овозможи полесен и побрз развој на нови функционалности, полесна и побрза интеграција на трговци и платежни институции и постигнување на подобро корисничко искуство“, велат од Касис.
Касис АД Скопје во 2021 година растеше заедно со партнерските Банки на кои во континуитет им нуди професионални и квалитетни услуги, но и многу нови сервиси насочени кон комплетна дигитализација. Како општествено одговорна компанија и во 2022 година ќе придонесува за развој на банките, е-трговијата и воопшто економијата.
Успехот не би бил можен без тимот на професионалци кои секојдневно придонесуваат Касис да биде синоним за врвна услуга. Постојаната едукација и надоградба на вработените и нивната благосостојба се меѓу приоритетите за 2022 година. Фокусот е на надградување на компетенциите и знаењата на вработените од различни нивоа, со цел одржување на високоефикасна организациска култура.
Јубилејната 2021 година само ги потврди резултатите од успешното 20 годишно работење, па денес Касис може да се пофалат со 2.000.000 издадени платежни картички, 2.500.000 процесирани трансакции месечно, безбеден веб мониторинг систем и 24/7 сервисна поддршка, а преку cPay – системот за електронска трговија беа процесирани над 300.000 трансакции месечно во преку 1.000 електронски продавници и со над 30.000 регистрирани корисници.
Компании
Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!


Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје! (more…)
Компании
Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ


Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)
Компании
20 години Еуролинк осигурување – синоним за стабилност, сигурност и посветеност на клиентите


Еуролинк осигурување одбележува 20 години успешна работа на македонскиот пазар со 212 вработени и 33 филијали. Од своите почетоци до денес, компанијата има услужено повеќе од 630.000 клиенти, има издадено над 2,2 милиони полиси за осигурување и им има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети на граѓаните и на компаниите. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје