Форекс
Злато има, но нема кој да го купи!?

Започнувањето на конфликтот помеѓу Русија и Украина предизвика висок пораст на цената на нафтата, но покрај нафтата, висок пораст бележи и најблагородниот метал – златото.
Русија е една од земјите со најголеми резерви на злато кои бројат 2.300 тона злато кое е проценето на вредност од околу 140 милијарди долари, но попусто бидејќи нема купувачи за руското злато.
Овие огромни резерви се создадени во последната деценија и пол и беа наменети за економската безбедност на земјата. Но, исто како и во случајот со нафтата, санкциите ѝ отежнуваат на Русија да ја користи вредноста на своите резерви, пишува „Бизнис Инсајдер”.
„Токму ова е причината поради која купуваа злато, за ситуација токму како оваа денес”, изјави Фергал О’Конор, предавач на Универзитетот Корг, додавајќи дека ако никој не сака да тргува, овие резерви не значат ништо.
Минатата недела беа забранети сите златни плочки од руските рафинерии на лондонскиот пазар на злато, кој е најважниот центар за трговија со овие стоки во светот и на тој начин Русите беа успешно исклучени од глобалната трговија.
Сенатот на САД го следеше тој потег со нов закон кој ги спречува американските граѓани да вршат какви било трансакции со руско злато.
„Огромните златни резерви на Русија се меѓу ретките средства што Путин може да ги искористи за да спречи колапс на економијата на неговата земја“, рече сенаторот од Мејн, Ангус Кинг.
Тој во изјавата посочи дека со санкционирањето на овие резерви Русија сѐ повеќе се изолира од светската економија, а воената кампања на Путин, која станува сѐ поскапа, ќе станува сѐ потешка.
И без меѓународни купувачи, се чини дека побарувачката за злато на рускиот пазар е сѐ уште висока, барем според соопштенијата од Централната банка на Русија.
Минатиот вторник банката соопшти дека ќе го прекине редовното купување злато од кредитните институции за да не се натпреварува со побарувачката на домаќинствата во време кога луѓето се во трка да ги заменат пропаднатите рубљи за златни плочки.
Доколку валутата продолжи да паѓа во однос на американскиот долар, стратегот на „Credit Suisse Bank” Золтан Позсар изјави дека Русија може да ги искористи своите залихи за ефективно да се врати на златниот стандард, користејќи го како „сидро“ со продажба по фиксна цена во рубљи.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)
Форекс
Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)
Форекс
Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Странски банкипред 1 month
НЛБ ќе исплати дивиденда од 5,5 евра!