Connect with us

НБРМ

ЗЛАТНИТЕ РЕЗЕРВИ ДО МАКСИМУМ – Македонците и Србите имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,9 тони.

Србија има најголеми резерви на злато меѓу земјите од регионот и нејзините златни резерви достигнуваат 38,1 тони златни прачки, што ја прави водечка земја во регионот по количината на овој благороден метал депониран во трезорите на Народната банка на Србија.

Веднаш по водечките две земји следуваат Словенија со 3,2 тони, Босна и Херцеговина со три тони злато и Црна Гора со 1,09 тони, додека Хрватска нема резерви во злато, бидејќи има продадено повеќе во 2001 година, е наведено во податоците на Светскиот совет за злато.

Србија денес има двојно повеќе злато од пред десет години, додека вредноста на девизните резерви во овој благороден метал во тој период е зголемена за повеќе од три пати. Според податоците на Народната банка на Србија, во нивните трезори се чуваат 38,1 тони злато, додека во 2012 година имало 15,3 тони.

Златото претставува многу важен дел од девизните резерви, бидејќи историски се карактеризира како „безбедно средство“, а неговата улога е особено очигледна во периоди на изразена неизвесност, каква што сме сведоци денес – во амбиент на геополитички тензии во Украина, енергетската криза и глобалниот раст на инфлацијата.

Народната банка на Србија од почетокот на годинава откупила 852 килограми злато. Таа количина е произведена во единствената фабрика за добивање злато во Србија, која од 18 декември 2018 година, кога Кинезот Жиѓин склучи договор за стратешко партнерство со државата Србија и презеде 63 отсто од сопственоста на поранешната РТБ Бор, има работи како дел од компанијата Србија Жиѓин Копер. Во претходните три и пол години, НБС додаде 5,74 тони злато во своите трезори.

„Целото количество произведено злато, во согласност со српските закони, мора прво да и се понуди на НБС, а само во случај да одбие да го купи по берзанската цена, Србија Жиѓин Копер може да побара дозвола за извоз. досега не се случило, што значи дека златото произведено во оваа компанија останува во Србија“, наведуваат во Жиѓин.

„На крајот на јуни 2022 година, официјалните девизни резерви на нашата држава изнесуваат 3.116,1 милион евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,3%) по што следуваат валутите и депозитите (14,5%) и монетарното злато (12,3%)” – се наведува во статистичките податоци на Народната банка објавени на нивната веб страна.

Златото воедно ги претставува и девизните резерви на земјата. Овој благороден метал служи и како гаранција за доверба во централната банка, особено во тешки кризни времиња како што е моменталната ситуација со геополитичките тензии во Украина, енергетската и економската криза и глобалниот раст на инфлацијата. Покрај тоа, на оваа форма на средства е потешко да се влијае преку политиките за каматни стапки на различни монетарни власти, додека обично служи како форма на заштита од инфлација на долг рок.

НБРМ

ММФ објави Извештај за аранжманот ПЛЛ – високи оцени за монетарната политика, финансискиот сектор и банкарската супервизија

Објавено

на

Во најновиот извештај на ММФ во врска со одобрувањето средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност објавен на 28.11.2022 година се наведува дека Народната  банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот. Во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови. За ова, како што се наведува во Извештајот, придонесува и ефективната супервизија, којашто работи по високи меѓународни стандарди, има силна правна и регулативна рамка и соодветни оперативни практики. При спроведувањето на своите функции, Народната банка применува силни стандарди за одговорно работење и висок степен на транспарентност во работењето. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, со којашто се предвидуваат програмските активности преку кои ќе се придонесе за остварување на стратегиските цели на Народната банка

Објавено

на

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, а во функција на понатамошно успешно исполнување на поставените стратегиски цели. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во Народната банка беа доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Објавено

на

Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно