Connect with us

Останато

Земјава да стане стартап хаб на Балканот, е пораката од првиот национален Стартап самит

Објавено

на

„Иновативните идеи го движат светот напред, а јас сум убеден дека сите заедно ќе направиме уште поуспешен деловен амбиент со посветена трансформација на македонскиот стартап еко систем. Заеднички да придонесеме земјава да стане стартап хаб на Балканот зашто веруваме дека тоа е вовед во четвртата индустријализација кон која се стремиме”, порача премиерот Зоран Заев, отворајќи го првиот национален старт-ап самит што се одржува во Скопје под мотото „Заеднички влијаеме”.

Заев упати силна поддршка за иновативните идеи на македонската стартап заедница и нејзината голема улога во економскиот раст на локално и национално ниво. Воедно им упати честитки на сите претприемачи кои, како што рече, и во услови на пандемија не застануваат, туку ги дигитализираат процесите и имплементираат најсоверемени алатки за развој на бизнисите.

„Продолжуавме уште позасилено да ги мотивираме стартап компаниите да се развиваат, да освојуваат нови пазари, интернационално да се поврзуваат, да креираат висока додадена вредност и да прераснат во национални брендови. Вашите успешни иновативни приказни се мотив за сите што размислуваат дали да ја преточат својата идеја во бизнис”, истакна Заев.

Премиерот потсети дека само во последните три години преку ФИТР се поддржани 559 компании со кофинансирани проекти и над 76 милиони евра инвестциии што е неспоредливо, потенцира, со периодот пред 2017 година кога беа поддржани само околу 30 компании.

„Имаме многу потенцијал, паметни млади луѓе кои треба да се поддржат, да бидат свои газди и да придонесат за развој на бизнис заедницата и економијата. Претприемачи, сметајте на поддршка од вашата Влада”, подвлече Заев и изрази надеж дека од Самитот ќе произлезат квалитетни заклучоци.

Пред присутните се обратија и вицепремиерот за економски прашања фатмир Битиќи, како и директорот на Фондот за иновации и технолошки разво, Коста Петров.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно