Connect with us

Домашни банки

Зелена наградна игра на Охридска Банка!

Објавено

на

Бидете дел од најзелената наградна игра на Охридска банка Сосиете Женерал. Направете 10 трансакции со дебитна и 5 транскакции со кредитна картичка и освојте електричен тротинет! Од 17 Декември до 28 Февруари 2019 година купувајте со картичките на Охридска банка Сосиете Женерал. 20 електрични тротинети чекаат на вас!

ПРАВО И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА:

Квалификувани за учество во Наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (лица со и над 18 – годишна возраст на денот на извршување на првата трансакција), кои се корисници на било која од следните картички издадени од Охридска  Банка АД Скопје:

Дебитни картички за физички лица:

  • Маестро
  • MasterCard Standard
  • MasterCard Gold
  • Visa Classic

Kредитни картички за физички лица:

  • MasterCard Revolving
  • MasterCard Gold
  • MasterCard Platinum
  • Visa Classic
  • Visa Gold

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една награда од вкупниот број на награди.

Право на учество во Наградната игра немаат лицата вработени во Охридска банка АД Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства.

МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Лицата со направени минимум 10 трансакции со дебитна картичка и минимум 5 трансакции со кредитна картичка за физички лица, издадена од Охридска банка АД Скопје, добиваат шанса за учество во Наградната игра.

Трансакциите извршени од корисниците на дополнителните картички поврзани со основната дебитна или кредитна картичка на корисникот на картичката се евидентираат во корист на носителот на основната картичка за целите на Наградната игра.

Во Наградната игра се вклучени сите трансакции направени од страна на корисникот на картичката и/или од страна на корисниците на дополнителните картички, на продажните места во земјата и е – commerce трансакции (плаќања преку интернет). Во Наградната игра не влегуваат исплати на готовина од банкомат или од ПОС шалтер, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.

МЕСТО, ВРЕМЕ, НАЧИН, ПОСТАПКА И КОНТРОЛА НА ИЗВЛЕКУВАЊЕТО:

Извлекувањето на 20 (дваесетте) награди: 20 електрични скутери (единечна вредност 29.990,00 ден.), ќе се врши по принципот на случаен избор по електронски пат со посебен софтвер за таа намена во просториите на Охридска банка АД Скопје, со адреса: ул.,,Орце Николов’’ бр.54, 1000 Скопје, на 11.03.2019г. во 10ч. Извлекувањето на наградите ќе биде јавно, во присуство на тричлена комисија, составена од тројца официјални претставници кои ќе водат записник за извлекувањето на добитниците и тоа:

  • двајца претставници од Охридска банка АД Скопје и
  • нотар од Република Македонија.

ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ:

Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени најдоцна во рок од три дена од денот на извлекувањето, на официјалната интернет страница на Охридска банка АД Скопје.

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: “УНИБанка” издаде перпетуална обврзница по пат на приватна понуда

Објавено

на

На 11.01.2019 година, УНИБанка преку Македонска берза објави дека банката донесе одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange