Connect with us

Домашни банки

Здружението „Правда за штедачи” со барање за поддршка од Претседателот Стево Пендаровски за носење на конечна Одлука

Објавено

на

Здружението „Правда за штедачи“ ги презентираше информациите од остварената средба со Претседателот Стево Пендаровски.

Како што веќе објавија од кабинетот на Претседателот Пендаровски, претставниците на Здружението „Правда за штедачи” во детали го запознаа Претседателот и неговите советници присутни на состанокот за големината и сериозноста на организираниот Криминал направен врз 3.000 семејства директно оштетени од Еуростандард банка, кои се жртви на криминалот тежок речиси 60 милиони евра. Притоа, во текот на повеќе години истите биле незаштитени од институциите чија примарна цел е преку супервизија, контрола и превентивни мерки да овозможат заштита на сите коминтенти во банките.

Воедно, Здружението „Правда за штедачи“ презентираше и достави писмени докази и извештаи од каде се гледа големината на криминалот организиран од раководните лица од Еуростандард банка како и соодветното неделување на гувернерката и нејзниот прв тим од Народна банка, кои со години го толерирале и го дозволиле организираниот масовен грабеж на депозити од банката. Здружението побара од Претседателот да се заложи сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи. Исто така, беше побарано да Претседателот помогне во рамките на неговите ингеренции во прибирање на дополнителни доказни материјали преку декласифицирање на истите, кои би послужиле во натамошните постапки.

Покрај горе наведеното, едно од главните произнесени барања беше и барањето за поддршка од Претседателот во донесување на конечна Одлука за целосно обештетување на горе наведените 3.000 ограбени семејства само со средства од стечајната постапка, притоа не посегнувајќи по буџетски средства на државата. Со неодамнешната одлука на Уставниот суд, којшто го укина спорниот член 163 став 3 од Законот за банки, со којшто се дефинираше Фондот за осигурување на депозити како доверител и истовремено му се даваше предимство за наплата од стечајната маса пред сите други доверители, сега конечно со укинување на неуставната законска одредба и правно се создадоа услови за донесување на конечна Одлука. Веруваме и очекуваме дека таа одлука ќе ја задоволи правдата према 3.000 семејства кои насред светска пандемија и тешка економска криза беа оставени без своите лични парични средства.

За начинот на којшто тоа би се остварило, претставниците на Здружението „Правда за штедачи“ му доставија на Претседателот и свој предлог за измени и дополнувања на Законот за банки, којшто во изминативе денови беше доставен и до Владата и Министерството за финансии. Воедно, побараа истиот да биде земен во предвид при донесувањето на конечното законско решение. Особено доколку Владата инсистира во краток рок да се пополни правната празнина создадена со Одлуката на Уставниот суд од 25.05.2021 година со којашто е веќе укинат спорниот член 163 став 3 од Законот за банки.

Исто така, Здружението достави барање со кое инсистираат претставници од Здружението „Правда за штедачи“ да бидат вклучени во работното тело што го изготвува текстот на Предлогот за измени и дополнувања на Законот за банки, без оглед дали изготвувањето ќе биде од Министерството за финансии или од друго тело формирано за таа цел.

Здружението „Правда за штедачи” во ова соопштение сака да му се заблагодари на Претседателот Стево Пендаровски за неговата заложба да се состане со нас и да ги ислуша нашите барања, иако Владата и Министерството за финансии не најдоа за сходно да најдат време да го направат истото и покрај неколкуте испратени барања.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено

на

На денешен ден, ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ што го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија на доброволна основа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите”

Објавено

на

На денешен ден, Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на концертот на Камерниот оркестар „Скопски солисти“

Објавено

на

Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските вредности, Комерцијална банка преку уште едно спонзорство застана на страната на вистинската уметност.

(more…)

Продолжи со читање


Популарно