Connect with us

Останато

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард Банка незадоволни од исходот по остварената средба со премиерот Зоран Заев

Објавено

на

Оштетените штедачи од Еуростандард банка АД Скопје се незадоволни од исходот по остварената повторна средба со премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот Фатмир Битиќи.

На состанокот, оштетените штедачи од Еуростандард банка АД Скопје повторно побараа од премиерот Заев да издејствува носење на закон со којшто државата ќе ги превземе побарувањата од физичките и правни лице депоненти на Еуростандард Банка и ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса.

Премиерот, и покрај првично изразената волја да се помогне, сега изјави дека тоа е спротивно на законските норми кои важат во нашата земја и дека државата неможе да ги обештети оштетените физички и правни лица на Еуростандард Банка преку закон затоа што такво мислење добил од меѓународните финансиски институции.

Оштетените штедачи испратија известување кое Ви го пренесуваме во целост:

„Како што претходно најавивме, Иницијативниот Одбор на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард Банка оствари повторна средба со премиерот Зоран Заев, придружуван од  вицепремиерот Фатмир Битиќи.

На состанокот беше повторено барањето на Здружението за носење на закон со којшто државата ќе ги превземе побарувањата од физичките и правни лице депоненти на Еуростандард Банка и ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса и воедно директно расчисти со криминалот со давање на неповратни кредити којшто се случувал во банката со години. Исто така, беше потенцирано дека сите пратенички групи во Собранието веќе ја дадоа нивната целосна поддршка за носење на предлог законот.

Премиерот, и покрај првично изразената волја да се помогне, сега изјави дека тоа е спротивно на законските норми кои важат во нашата земја и дека државата неможе да ги обештети оштетените физички и правни лица на Еуростандард Банка преку закон затоа што такво мислење добил од меѓународните финансиски институции.

Тој воедно предочи дека Народната Банка навремено реагирала и превзела се што е во нејзина надлежност во однос на нерегуларностите во работењето на Еуростандард Банка, на што Иницијативниот Одбор изрази негодување во врска со таа изјава наведувајќи дека токму под директен надзор и контрола на Народната банка над Еуростандард Банка во текот на повеќе минати години се одвивал криминалот тежок речиси 60 милиони евра кои ќе недостасуваат во стечајната постапка за обештетување на оштетените депоненти. Исто така, беа потенцирани фрапантните 72% ненаплатливи и тешко наплатливи кредити од кредитното портфолио на фирми во банката наспроти 4,7% колкав што е сега просекот во банкарскиот систем во земјата, со што се покажува дека оваа разлика морала да биде видена од редовните контроли на Народната Банка доколку биле извршувани.

На основа на овие и други официјални податоци за состојбата на банката на денот за нејзино затворање, Иницијативниот одбор на Задружението го изрази својот сомнеж дека ненавременото делување на Народната Банка во детектирање и санкционирање на злоупотребите коишто почнале да се случувале во банката пред повеќе години и постепено ескалирале, истата има одговорност и допринос во тешката состојба во која се наоѓаат оштетените физички и правни лица, а кои сега се оставени сами да се борат за исправање на оваа неправда и грабеж настанати без нивна вина.

Изјавата на премиерот дека веќе се покренати кривични пријави и други мерки што се во надлежност на јавното обвинителство, членовите на Иницијативниот Одбор ја поздравуваат и изразија надеж дека одговорните лица ќе бидат изнесени пред лицето на правдата и за сторениот криминал ќе одговараат со своите лични имоти и имотите на нивните семејства за покривање на загубите од криминалот направен во Еуростандард Банка.”, се наведува во соопштението од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка.

Останато

PayPal ќе дозволи употреба на криптовалути

Објавено

на

„PayPal” објави дека ќе им овозможи на клиентите да купуваат, продаваат и чуваат „Bitcoin” и други криптовалути користејќи ги неговите паричници на Интернет. Почнувајќи од почетокот на 2021 година, клиентите исто така ќе можат да ги користат овие виртуелни монети за да купуваат кај 26 милиони поврзани трговци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Новиот корона бран ја намали деловната активност во Еврозоната

Објавено

на

Во октомври, економската активност во еврозоната се намали, бидејќи ограничувањата како резултат на ширење на корона вирусот, повторно стапија на сила, покажуваат прелиминарните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Авиокомпаниите ќе прават исти пресметки како и банките

Објавено

на

Кога британскиот туроператор Томас Кук се врати на пазарот минатиот месец, му требаше начин да ги убеди клиентите дека стана посигурен по неговиот банкрот во 2019 година и дека немаат за што да се грижат при резервацијата во пауза за време на пандемија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно