Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Здравствената состојба може да ја одреди вашата кредитната способност

Објавено

на

Сите оние клиенти кои земале подолгорочни кредити како што се станбените кредити или потрошувачки кредити на подолг рок се соочиле со барањето на банката кредитот во исто време да биде покриен со животно осигурување. Цената е малку повисока, поради трошокот за полиса, но барем клиентите плаќаат за гаранцијата дека во случај на немил настан, нивните наследници нема да го поднесат товарот да го враќаат кредитот.

Ова осигурување познато како кредитно животно осигурување обично чини неколку стотици евра годишно. Се разбира, тоа зависи од износот на осигурената сума и истото се намалува сразмерно со отплата на кредитот.

Во дел од банките, кредитното животно осигурување е само опција и тие не ги условуваат клиентите да преземат такво осигурување, ниту пак нивните каматни стапки зависат од тоа дали го осигурале својот кредит. Ова е разбирливо, бидејќи банките имаат и други гаранции, односно начини за наплата на кредитот. Пред се тоа е хипотеката, која стои се додека кредитокорисникот не ја врати последната рата. Покрај тоа, повеќето кредити на поголем износ се обезбедени со Солемнизација со заверка на Нотар, при што кредитокорисникот одговара со целиот свој имот и при извршна постапка, веднаш му се наплаќа од имотот кои го поседува, во случај клиентот да престане да го отплаќа кредитот.

Ни, има и банки кои задолжително од своите клиенти бараат обезбедување со животно осигурување односно самиот кредит има таква опција во условите. Повеќето банки во нашава земја за кредити на износ поголем од 600.000 денари бараат задолжително кредитно животно осигурување што е придружна ставка на потрошувачките кредити како начин да се спречат предизвикувачки финансиски состојби што можат да се појават како резултат на несреќни околности. Кредитното животно осигурување се активира доколку се случи осигурен немил настан (смрт за време на траење на осигурувањето), и притоа семејството не го наследува долгот на кредитот, туку клиентот останува финансиски заштитен затоа што неотплатениот износ на кредитот ќе биде целосно подмирен од осигурувањето односно од осигурителната компанија.

Покрај, потрошувачките кредити кои нашите банки се почесто ги врзуваат со задолжително кредитно животно осигурување, се почесто се случува во понудата на банките и станбените кредити да бидат поврзани со кредитното животно осигурување и покрај тоа што кај овие кредити најчесто обезбедување е хипотеката.

Дел од банките им нудат станбени кредити на клиенти без задолжителна премија за животно осигурување, но постои можност клиентите кои сакаат да го сторат тоа, исто така, да можат да подигнат станбен кредит со животно осигурување како обезбедување. Кредитното животно осигурување кај некој кредити не е задолжително, тоа е опционално, но банките ги наведуваат клиентите да ја изберат оваа опција, бидејќи ставката со дополнително обезбедување за животно осигурување може да влијае за намалување на каматната стапка.

Кога некој сака да подигне кредит во банка која инсистира на животно осигурување или тој самиот се определи за таа опција, треба да има во предвид дека треба да биде комплетно здрав при аплицирањето, а исто така и здравствениот картон треба да биде уреден со податоците што ги бара осигурителната компанија, бидејќи доколку клиентот не ја наведе точно својата здравствена состојба, осигурителната компанија може да одбие да го врати преостанатиот долг кон банката. Исто така, постои можност дека во случај на сериозна болест кај кредитобарателот, осигурителната компанија да не прифати да осигура таков клиент.

Дел од осигурителните компании во зависност од возраста на кредитобарателот и сумата за бараниот кредит, бараат  дополнителни лекарски прегледи и испитувања. Во пракса, ова е најчеста појава кај осигурениците кои се под 50 години, а осигурената сума надминува 75.000 евра, или за осигурениците на возраст од 50 и повеќе години, кога осигурената сума надминува 50.000 евра. Кредитокорисникот при аплицирањето за кредит треба точно да одговори на прашањата за својата здравствена состојба што се наведени во прашалникот за животно осигурување на осигурителната компанија.

Осигурителните компании велат дека договор за животно осигурување, независно дали е тоа индивидуално или врзано со некој банкарски производ, се склучува според точно утврдени правила на осигурителната компанија, што значи проверка и преземање на ризикот.

Банките, освен што нудат кредити поврзани со животно осигурување, во својата понуда имаат и кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциски сметки поврзани со животно осигрување. Тие се почесто се одлучуваат восвојата понуда за кредитни прозиводи да вметнат и задолжително животно осигурување, бидејќи така најлесно ќе го намалат ризикот од ненаплатување на своите побарувања.

Банките, во согласност со прописите и стандардите на совесното банкарско работење  и нивната деловна политика, самостојно ги утврдуваат критериумите за одобрување на кредитните производи кои ги нудат. Бидејќи станбениот кредит е генерално кредит со подолг рок на отплата, полисата за животно осигурување служи како средство за обезбедување на отплата на кредитот во случај на непосакуван настан. Во исто време, полисата за кредитно животно осигурување служи и како средство за обезбедување на семејството на кредитокорисникот, на кое во случај на смрт на корисникот на кредитот може да се пренесат сите права и обврски од договорот за кредит, бидејќи во конкретниот случај преостанатиот износ на кредитот би се исплатил од осигурената сума.

Здравствената состојба на клиентот е релевантна за банката, бидејќи може да биде клучна во проценката на банката за барање на дополнителен колатерал, како што е животното осигурување. Затоа, вашата здравствена состојба може да ја одреди вашата кредитната способност при аплицирање за кредит.

Лични финансии

ПОПУСТ – Реалност или фикција?

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Десет предуслови за започнување на успешен бизнис

Објавено

на

Никој не сака сопствениот бизнис да му пропадне, но перспективата е нешто што секој бизнисмен мора да го земе предвид. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Навики кои оставаат впечаток дека сте непрофесионални

Објавено

на

Секој од нас има свои добри и лоши навики. Некои од нив несвесно ги правиме и надвор од домот и приватноста. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange