Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Зголемување на иновативните активности кај малите и средните претпријатија

Објавено

на

Во Македонија имаме зголемување на иновативните активности кај малите и средните претпријатија и сме во рамки на просекот на ЕУ. Фокусот е ставен на малите и средни претпријатија без да се земат предвид и микро претпријатијата. Заостануваме прилично многу од европскиот просек во делот на инвестициите во иновации, истражување и развој.

Ова денеска го изјави Андријана Богдановска од Центарот за управување со знаење од Македонија по отворањето на меѓународната конференција на проектот „Ино платформа“. Проектот е финасиран од Европската унија преку Интерег програмата насочен кон подобрување на иновативните капацитети на малите и средните претпријатија. Проектот трае 24 месеци, почна во август 2017 година и ќе трае до август 2019 година.

Појасни дека конференцијата ја организираат на половина од проектната имплементација со цел да ги споделат нивните резултати во делот на истражувањето на националниот контекст и потенцијалот за иновации на земјите кои припаѓаат на Балканско-медитеранската област – Македонија, Кипар, Грција, Бугарија и Албанија. Во исто време ги претставуваат бета верзиите на нивните ино алатки, кои се специјално фокусирани за мали и средни претпријатија.

– Целото наше истражување заврши со пет бета алатки: Ино финансии, Ино партнер, Ино стратегија, Ино модел и Ино проект кои специфично ги адресираат овие проблематични области на делување во однос на иноватовните акативности кај самите мали и средни претпријатија и овозможуваат тие да се надминат за да имаат успешна имплементација на иновациите внатре во организациите, рече Богдановска.

Таа информира дека дел од нивните заклучоци се оти во Македонија имаме добра макроекономска политика во однос на другите земји во регионот, а структурата на деловниот сектор најмногу е насочена кон малите и средните претпријатија бидејќи, како што рече, тие доминираат во целото милје на претпријатијата во економијата.

Според неа, потребни се повеќе инвестиции кои веќе се прават преку владините инфраструктури.

– Оваа Влада сепак направи голем напор во зголемување на инвестциите во нашите домашни претпријатија за иновативни активности. Треба создавање посериозна инфраструктура, која ќе ги поддржи овие мали и средни претпријатија. Постоењето само на Фонд за иновации не е инфраструктура и покрај тоа што тие имаат навистина многу интензивни активности во овој период, смета Богдановска.

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ изјави дека во 2017 година за шест пати се зголемени буџетските средства за поддршка на иновативност и на индустриското производство.

– 7% и 5% од корисниците на овие мерки се токму малите и средните претпријатија. Малите и средните претпријатија дадоа сериозен придонес во еконмскиот раст, во пораст на индустриското производство кое е за шест отсто повисоко годинава од минатата година, но, и до пораст на извозот за околу 13% до 14%, што покажува дека овие мерки сигурно даваат одреден резултат, рече Шапуриќ. Најави дека во иднина, во рамки на определбата на Владата, овие мерки ќе се надоградуваат.

Останато

ССК: Прв центар за медијација по европски модел

Објавено

на

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки на коморите, функционираат Центри за медијација, со цел промовирање на принципот за пристап до правда за сите,  како и исполнувањето на меѓународните стандарди, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Граѓаните досега скенирале скоро 3 милиони фискални сметки во вредност од 1,5 милијарди денари

Објавено

на

Од почетокот на месецов, граѓаните имаат можност да побараат поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) преку примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange