Компании
Зголемете го вашето присуството на пазарот со myWorld Partner програмата

Најголемата меѓународна програма за лојалност на потрошувачи кај малите и средни претпријатија, myWorld (мајВорлд), е во постојан раст, како во светот така и кај нас. Според последните анализи, во Македонија секој месец просечно по 10 нови трговски партнери започнуваат да ја користат мајВорлд партнер програмата (myWorld Partner Program).
Со повеќе од 17 години постоење во светот и 10 години на пазарот во Македонија, myWorld Partner програмата континуирано им помага на компаниите да ја зголемат својата база на потрошувачи, да ги задржат постоечките, и да ја зголемат продажбата и приходите.
Давајќи пристап до глобалната база од 15 милиони регистрирани потрошувачи ширум светот, myWorld Partner платформата се наметнува како исклучително сериозна алатка на компаниите кои сакаат да создадат своја сопствена лојална програма. Освен препознатливите бенефиции (Cashback и Shopping Points), компаниите отсега можат да огласуваат акции и попусти преку т.н. Benefit Lounge, кој е нов додаток. А водени од најновите технологии, сево ова може да се менаџира дури и преку мобилна апликација наменета за трговци (iOS или Android), и со тоа ќе добиете компетитивна предност врз конкуренцијата и можност за готов сопствен производ.
Со станување дел од myWorld Partner програмата, Вашиот бизнис ќе ја зголеми својата присутност на пазарот користејќи ги нашите канали за комуникација. Доколку имате дополнително и онлајн дел на Вашиот бизнис, истиот можете да го вклучите како дел од онлајн програмата на платформата. Но, тоа е само мал дел од она што го нуди платформата. Со дополнителни таргетирани понуди и акции, Вашата база на потрошувачи ќе порасне до степен што ќе обезбеди стабилен развој за Вашата компанија.
Независно дали се работи за мал бизнис, или големо претпријатие кое е веќе позиционирано на пазарот, програмата нуди повеќекратни можности за раст и дополнителен развој на истите. Компаниите, имаат можност да изберат еден од двата пакета, myWorld Partner Program и myWorld Premium Partner Program, кој ќе им помогне да стигнат до посакуваниот успех.
Прочитајте повеќе за бенефитите кои ги добивате како трговски партнер на следниот линк.
Бидете дел од најголемата куповна заедница!
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)
Компании
Алкалоид АД Скопје – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41% од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во “Алкалоид“. (more…)
Компании
Македонски Телеком продолжува со раст и фокус на инвестиции во новите технологии во првите три месеци на 2023 година

Во првиот квартал на 2023 година, Македонски Телеком продолжи со стабилен раст во сите сегменти, фокус на новите технологии и зголемување на бројот на корисници во сите сегмени. Приходите од продажбата се зголемени за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје