Connect with us

Останато

Зголемен данокот за изнајмување стан

Објавено

на

Со новиот Закон за данок на личен доход, за оние што изнајмуваат станови и деловен простор, ќе има зголемување на даночната стапка од 10% на 15%, но ќе се зголеми и даночната основица, поради тоа што со новото законско решение ќе се признаваат помали трошоци што закуподавачот ги има за наместен или за нанаместен простор, а кој се одбиваат од износот за кој се пресметува данок.

Сега како трошок за ненаместен стан се признаваа 25%, а за наместен стан 30 отсто од остварените приходи од издавање. Со новата законска регулатива, која за овие даночни обврзници ќе почне да се применува од 2020 година, признатите трошоци за ненаместен простор ќе бидат 10 осто, а за наместен 15%.

Ова значи дека ако годинава некој од изнајмување на наместен стан добива 12.000 денари месечно, даночната основица со признати трошоци ќе му биде 8.400 денари, а данокот ќе биде 840 денари. Но, со новото законско решение данокот ќе биде 1.530 денари.

Инаку, поголемата даночна стапка од 15% за изнајмување на простор ќе важи независно од тоа колкав вкупен приход е остварен. Така, тие 12.000 денари можеби некому се и единствен месечен приход, но тој нема да плати 10% данок, како кога би ги заработил од плата, туку ќе плати 15% данок.

Останато

5 совети за шопинг на Black Friday!

Објавено

на

Додека шопингот на Black Friday може да изгледа како бурен и стресен процес, сакаме да ве известиме дека не мора да биде баш така. Добрата вест е дека ние направивме истражување и навистина го смаливме целиот процес во прилично компактен водич кој не само што може да се искористи на Black Friday, туку и навистина секој шопинг.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Што е Ravencoin и зошто е важен во светот на криптовалутите?

Објавено

на

Единствената цел на Ravencoin е да овозможи трансфер на средства од една личност на друга преку блокчејн технологија. Ravencoin користи уникатен ASIC резистентен алгоритам наречен x16r. Ravencoin е отпорен на ASIC затоа што постојано го менува редоследот на алгоритмите на хаширање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Остар пад на акциите на Волстрит

Објавено

на

Берзанските индекси на Волстрит вчера остро паднаа втор ден по ред, при што под најголем притисок беше енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата, а остро падна и трговскиот сектор поради слабите деловни резултати на неколку компании. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange