Connect with us

НБРМ

Зголемено користење на новите дигитални решенија и променети кориснички навики при плаќањата што најчесто се користат во платежната сфера и во третиот квартал од оваа година

Објавено

на

Дигиталната трансформација, како неопходност на секој пазар, особено поттикната од променетите услови на живеење коишто ги создаде пандемијата на ковид-19, како глобално, така и во нашата земја, придонесе за постојан раст на употребата на дигиталните решенија за плаќање, како најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки паметно извршување.

И во третиот квартал на оваа година, платежните картички издадени од издавачи во земјата сѐ повеќе се користат од страна на граѓаните за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до висок годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 16% и 14,9%, соодветно. Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8%), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година. Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од 2021 година, беше остварен висок годишен раст од 12,8%, којшто е повисок за 2,9 пати од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година.

Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер, во третиот квартал од 2021 година, исто така е забележан висок раст кај плаќањата на граѓаните, при што годишниот раст кај вредноста на трансакциите изнесува 30,3%, а кај бројот на извршените трансакции е 50,6%.

Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери и натаму бележи тренд на раст, што постоеше и пред пандемијата на ковид-19, но беше дополнително поттикнат со дигиталната трансформација за време на пандемијата. Така, и во третиот квартал од 2021 година, расте употребата на електронски иницираните кредитни трансфери за 22,2% на годишна основа кај бројот, односно за 31,4% кај вредноста на остварените трансакции, во споредба со истиот период од 2020 година, кога бележеа годишен раст од 35,9% кај бројот, односно од 30,8% кај вредноста на остварените трансакции.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на „Еуромани”: Главната цел на монетарната политика во криза е зачувување на стабилноста

Објавено

на

Главната цел на монетарната политика за време на пандемијата, како и сега со новите предизвици коишто ги донесоа енергетската криза и војната во Украина е зачувувањето на стабилноста. Иако двете кризи се од различна природа и бараат различна реакција и поставеност на монетарната политика, крајната цел е иста ‒ зачувување на макроекономската стабилност. Ова беше истакнато од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата „Реобмислување на улогата на централните банки” во рамките на Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава

Објавено

на

Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за РСЕ: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти

Објавено

на

Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Радио Слободна Европа“. (more…)

Продолжи со читање


Популарно