Connect with us

НБРМ

Зголемени кредитното и депозитното портфолио

Објавено

на

Народната банка го објави најновиот сет макроекономски показатели со прелиминарните показатели за декември, од кои се добива појасна слика за движењата во 2016, но и за очекувањата за годинава.

Девизните резерви се во сигурната зона, регистриран е раст кај депозитната база и кај вкупните кредити. Движењата се позитивни, но предизвик останува кредитирањето на стопанството.

 

Прелиминарните податоци за последниот месец од 2016 година покажуваат месечен раст на вкупните депозити од 4%, што претставува значително забрзување во однос на досегашната динамика на растот.

 

„Месечното зголемување на депозитите на приватниот сектор е вообичаено за последниот месец од годината, но интензитетот на раст е поголем во однос на претходните две години, кога во просек месечното зголемување на вкупните депозити во декември изнесуваше околу 2,8%. Растот на вкупните депозити во декември во поголем дел произлезе од повисоките депозити на претпријатијата, но значителен е придонесот и на штедењето на домаќинствата“ – стои во анализата на Народната банка.

 

79,5% од новото штедење се должи на растот на денарските депозити, што сигнализира дека граѓаните и веруваат на домашната валута. На годишна основа, вкупните депозити во декември се повисоки за 5,7%, што е над октомвриската проекција за крајот на годината од 2,6%.

 

„Штедните влогови се најевтин капитал за поддршка на стопанскиот развој на нашата држава и се сигурна основа за проширување на асортиманот на услугите на банките кон населението и другите коминтенти“ – вели првиот човек на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, Коста Митровски.

 

Позитивни показатели за кредитната активност

 

Позитивни се движењата и кај кредитирањето. Првичните податоци за декември покажуваат раст од 3,2% на месечна основа, а зголемувањето во најголем дел произлегува од повисокото ниво на кредитите на претпријатијата. „Во декември, вкупните кредити на годишна основа се повисоки за 1,3% и се над проекцијата за последниот квартал. Доколку се исклучи ефектот од регулаторните промени, кредитната активност заклучно со декември е повисока за 6,5% на годишна основа, што е над проекцијата за раст од 5,6% за последното тримесечје, согласно со октомвриската проекција“ – се вели во објаснувањето од Народната банка.

 

Има простор за раст на кредитирањето

 

Има простор за раст на кредитирањето на стопанството. Каматната стапка на благајничките записи се намали за дополнителни 0,25 процентни поени, па сега изнесува 3,5%. Во еден краток временски интервал ова беше второ намалување на каматната стапка на благајничките записи, откако во април минатата година беше зголемена како резултат на шпекулативните напади врз денарот.

 

Сега, монетарната политика е дополнително релаксирана, банките се ликвидни и во добра кондиција, финансискиот сектор е стабилен, што укажува дека има доволно пари за финансирање на добрите проекти.

 

Бизнис – секторот изминатиов период во континуитет апелираше на релаксирање на кредитните услови, особено за компаниите кои се извозно ориентирани.

 

„Треба да се формираат фондови за одобрување строго наменски кредити со пониски каматни стапки за стимулирање на извозно – ориентираните компании, како и да се зголемат финансиските средства за компаниите кои се управувани од жени – менаџери“ – посочи претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

 

Во изминатава година и властите постојано бараа од банките да го одврзат ќесето и да го засилат кредитирањето на корпоративниот сектор, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе се стимулира развојот на домашното стопанство.

 

„Политичката криза имаше извесен ефект, дојде до попрудентно однесување на банките, беше воведена порестриктивна политика во однос на кредитирањето на корпоративнот сектор и до повоздржано однесување на инвеститрите, но сега имаме доволно стабилност и ликвидност во банкарскиот сектор, а инвестициите придонесуваат за економскиот раст “ – посочи министерот за финансии, Кирил Миноски.

 

Повеќе кредити – повисок економски раст

 

Најавите за зголемено кредитирање годинава се охрабрувачки за бизнисот, се очекува дополнително да се раздвижи домашното стопанство. Сите проекции упатуваат на тоа дека повторно ќе забележиме економски раст, иако е јасно дека многу работи ќе зависат од случувањата на домашната политичка сцена, а се уште се присутни и надворешните ризици. Има одредени поместувања во однос на екстерните фактори.

 

„Задржани се оценките за изразени геополитички ризици, како и за неизвесност околу економските, политичките и институционалните аспекти на Брегзит. Економското заздравување на еврозоната како наш клучен економски партнер продолжува, во голема мера поддржано од домашната побарувачка“ – соопшти Народната банка. Проекциите на домашните и на меѓународните институции за економскиот раст на Македонија се движат од 3% до 3,5% во 2017 година, а тука некаде се и очекувањата на домашните бизнисмени.

 

„За оваа 2017 година нашите предвидувања се дека ќе имаме раст на БДП од 3%. Сепак, постојат одредени предизвици, ризици кои секако треба да се антиципираат, тука пред сè мислам на разрешувањето на политичката криза во земјава“ – вели извршниот директор во ССК, Митко Алексов. Клучен фактор во пресметките за тоа колкав раст ќе испорача македонската економија ќе биде и динамиката на кредитната активност.

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Бомгартнер: Монетарната политика е соодветно поставена да одговори на нагорните инфлациски движења

Објавено

на

Заради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и заради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергентите

Објавено

на

Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4% во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50%, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст, посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Утрински брифинг“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентираше априлските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите, априлски, макроекономски проекции на Народната банка, пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП),  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Унгарија, Словачка, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Холандија, Кина, Австрија, Хрватска, Германија, Словенија, Италија, Франција, Србија, Швајцарија, Шпанија и Косово. (more…)

Продолжи со читање


Популарно