Connect with us

Останато

Зголемената побарувачка ги зголеми цените на нафтата

Објавено

на

Цената на нафтата на светските пазари нагло се зголеми минатата недела, втора недела по ред, бидејќи заради олеснување на рестриктивните мерки поврзани со коронавирусот, наскоро драстично ќе се зголемува и побарувачката за „црното злато“, но и затоа што САД го намали производството.

На лондонската берза, цената на барел нафта се зголеми за повеќе од 18 проценти минатата недела, и дојде на ниво од 30,97 долари, додека на американскиот пазар, цената на барел нафта се зголеми за околу 33 проценти, на 24,74 долари.

Цените на нафтата со месеци се под притисок, паѓајќи на најниското ниво во последните 20 години, со оглед дека поради корона кризата, сите најголеми светски економии паднаа во рецесија, така што побарувачката за „црното злато“ драстично опадна.

Но, во последните две недели, цените значително се зголемија, бидејќи трговците беа охрабрени од индикациите дека побарувачката за нафта би можела наскоро да порасне.

Како што се забавува ширењето на коронавирусот, многу земји ширум светот последниве денови постепено ги намалуваат ограничувањата, што треба да ја оживеат економската активност, додека претходно воведените фискални и монетарни стимулативни мерки треба да го поддржат економското закрепнување во втората половина од годината.

Останато

ЕК предвидува намалување од 8,7 проценти на годинешниот БДП на Еврозоната

Објавено

на

Економијата на ЕУ ќе го доживее најтешкиот пад од Втората светска војна во вториот квартал на 2020 година, се вели во мрачната прогноза на Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Русија ги зголемува државните резерви за време на корона кризата

Објавено

на

Централната банка на Русија ги зголеми своите меѓународни резерви за 1,5 милијарди долари или за 0,3 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан договор за соработка меѓу Комората на сметководители и на проценувачи

Објавено

на

Креирање на платформа за заедничко делување со особен акцент за подобрување на квалитетот на работа, на националната легислатива, како и унапредување на демократските процеси од сферата на  взаемен интерес се дел од целите на договорот официјално склучен меѓу Комората на сметководители на Македонија при ССК и Комората на проценувачи. Договорот го потпишаа  претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски и претседателот на Комората на проценувачи, Антонио Георгиев. (more…)

Продолжи со читање

Популарно