Connect with us

Странски банки

Звучи неверојатно, но функционира – Има само еден банкомат во целиот град и го користат 8.000 луѓе

Објавено

на

Градот Амптил во Британија има вековна историја, активен пазар, а повеќето продавници во овој град работат самостојно.

Сепак, во овој град нема банка. Прашањето е дали Амптил е „зависен од готовина“ или е подготвен да стане таканаречено бесконтактно општество.

Неодамна, во овој град функционираа две банки. Потоа, остана само една, за на крај да нема ниту една. Во моментов, има само еден банкомат што го користат дури 8.000 граѓани.

Градот стана една од осумте локации во Англија што ќе учествува во иницијативата „готовина пилот“ за подобрување на пристапот до средства, пренесува „BBC“.

Недостатокот на банкомати е голем проблем за жителите на овој град.

„Разбирам дека многу луѓе користат бесконтактни начини на плаќање, но голем број на граѓани сè уште користат готовина. Околу 20 проценти од нашите клиенти користат пари“, вели Езекиел Гомез-Гибсон, менаџер на трговците за вино во Кембриџ.

Брендон Вилсон (20) вели дека користењето готовина му помага да заштеди и му помага да не троши повеќе од потребното.

Иако, владините упатства за продавници официјално не препорачуваат плаќање само со картичка, тие ја споменуваат користа од безконтактните трансакции за намалување на ризикот од пренесување на коронавирус.

Клер Вудленд, сопственик на ресторан во овој град, вели дека пред пандемијата, половина од клиентите плаќале во готово. Сепак, во првата недела по укинувањето на карантинот, само пет проценти од луѓето користеле готовина.

Најблиската банка е во Флитвик, која е оддалечена три километри.

Странски банки

Странците во црногорските банки чуваат 747 милиони евра депозити

Објавено

на

На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесувале 33 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој скапоцен метал допрва ќе расте

Објавено

на

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, „Goldman Sachs“, пренесува „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно