Connect with us

Депозити

За што сакаат да штедат најмладите?

Објавено

на

Со многу музика и забава, многу основци и деца од предучилишна возраст, ХалкБанк во Зоолошката градина во Скопје го одбележа Светскиот ден на штедење со интерактивно едукативен настан под мотото „Штедиме за сите наши желби“. 

Во текот на настанот, 150 деца од две основни училишта и две градинки имаа можност да влезат во детскиот свет на штедење низ кој ги водеше Марко Новески и добропознатиот Халки. На самиот хепенинг, откако успеаја да ја „совладаат“ важноста од штедењето од најрана возраст, децата имаа можност да се изразат на креативен начин на големата ХалкБанк табла и сликовито да ја претстават целта за која што ќе започнат со штедење.

Желбите на најмладите беа најразлични. Иако на таблата преовладуваа популарните играчки, сепак дел од нив изразија потреба за сопствен придонес за позелена планета и почист воздух.

ХалкБанк традиционало, секој октомври посветува особено внимание на најмладата популација на која, преку организирање интересни настани и реализација на креативни активности, им ја пренесува важноста од штедењето.

Депозити

Промо депозит од Халкбанк по повод месецот на штедење

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје традиционално го одбележува меѓународниот месец на штедење – Октомври со ПРОМО ДЕПОЗИТ. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица – ПРОМО ФИКС во денари и во евра

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда ПРОМО ФИКС за штедење во денари и во евра за физички лица до 30 ноември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Од Фондот за осигурување на депозити со соопштение до депонентите во Еуростандард банка

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити ги информира физичките лица-депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 30.000 евра ќе се исплаќа еднократно и ќе биде достапен за исплата од денот на почеток на исплатата на обесштетувањето. (more…)

Продолжи со читање

Популарно