Connect with us

Домашни банки

За што најмногу се земаат кредити во Македонија?

Објавено

на

Податоците на две од трите најголеми банки покажуваат дека граѓаните најмногу преферираат потрошувачки односно ненаменски кредити, односно познатите потрошувачки кретиди. Во споредба со сите други банкарски продукти нивната побарувачка најмногу пораснала минатата година.

Според официјалните податоци на Стопанска банка Скопје и на НЛБ Банка лани нивната вкупна изложеност по ненаменски или потрошувачки кредити надминува 656 милиони евра и кај двете банки тој продукт е најбаран и со најголема стапка на раст за 2017 година во однос на 2016 година.

Кај Стопанска банка на крајот на 2017 година нивото на потрошувачки кредити е 385 милиони евра и тоа е за 51 милиони евра повеќе од 2016 година. Кај НЛБ Банка исто како и кај Стопанска банка потрошувачките кредити се најголемата ставка во структурата на изложеност на банката спрема населението. Нивниот износ на крај на 2017 година е 271,5 милиони евра и книжи раст од 10,3 отсто во однос на 2016 година. Комерцијална банка, која е дел од тројката најголеми банки, има многу мала изложеност спрема население кога ќе се спореди со своите конкуренти. Според поатоците од нејзниот годишен извештај за 2017 година нејзините пласмани по основ на ненаменски кредити отпаѓаат 28,9 милиони евра.

Во Македонија ваквите кредити се подигаат за покривање на некоја финансиска дупка, за свадби и за одмори.

Домашни банки

Аванс на дивиденда за акционерите на Стопанска банка

Објавено

на

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје донесе одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата„Сајт на годината“, веб страницата на НЛБ Банка: nlb.mk го доби признанието за најдобар сајт во Македонија, во категоријата финансиски услуги, банкарство и осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Изложба на дела од колонијата „Вевчански видувања“ 2018 во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, на 17 декември (понеделник), во 19 часот, во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена ИЗЛОЖБАТА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange