Connect with us

Останато

За швајцарски научници „се што свети е злато“

Објавено

на

Група на швајцарски научници од ETH институтот од Цирих најдоа нов начин како да го применат синтетичкото злато. Проектот започна пред пет години кога го создадоа најлесното злато, но се досега немаа конкретна примена за овој иновативен продукт.

Сега создаден е нов екстракт кој ги има својствата на 18 каратно злато, но е многу полесно, а со тоа и многу поедноставно за позлатување на накит со што ја зголемува својата вредност.

Лесното или синтетичко злато е создадено од протеински влакна и полимерен латекс кои ја создаваат матрицата во која се внесуваат нанокристали кои ја даваат златната форма.

Резултатот е вистинското злато што е пет до десет пати полесно од конвенционалното злато – употребливо на пример за часовници што не тежат врз зглобот или обетки што не ги повлекуваат ушите.

„Ова злато има материјални својства на пластика но, тоа светка како метално злато и може да се полира и работи во посакуваната форма. Ако дел од тоа падне на тврда површина, звучи како пластика.“, вели Рафаеле Мезенга професор по храна и меки материјали, во чија лабораторија е создадено лесното злато.

Истражувачите дури можат да ја прилагодат тврдоста на материјалот со промена на составот на златото. Тие исто така можат да го заменат латексот во матрицата со друга пластика, како што е полипропилен.

„Како општо правило, нашиот пристап ни овозможува да создаваме скоро секаков вид злато што ќе го избереме, во согласност со посакуваните својства“, вели Мезенга.

Мазенга истакнува дека, додека пластичното злато ќе биде особено барано во производството на часовници и накит, и исто така е погодно за хемиска катализа, апликации за електроника или заштита од зрачење и радијација.

Истражувачите аплицирале за патенти и за процесот и за материјалот.

Осигурување

Приливи од над 18 милиони денари во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје инвестирајќи ги пензиските заштеди на членовите акумулирани во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, остварува приливи по основ на камати и дивиденди во пензиските фондови. На овој начин расте вредноста на пензиските заштеди и се обезбедува соодветна пензија за членовите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Раст на буџетските приходи за првпат од почетокот на корона кризата

Објавено

на

Во јули се забележува прв месечен раст на приходите во буџетот од почетокот на КОВИД-19 кризата, со месечен раст од 1,4% во однос на лани. Ова се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци. По реализацијата во јуни која бележеше значително подобра наплата на приходите од април и мај, по олабавување на рестрикциите и реотварање на економијата, резултатите за јули укажуваат дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Microsoft ќе го преземе кинески TikTok до средината на септември

Објавено

на

Американската технолошка компанија „Microsoft” потврди дека е во преговори со кинеската компанија „ByteDance” за купување на нивната популарна социјална апликација „TikTok”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно