Connect with us

Наградни игри

За чист град пазари со Mastercard на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Купувајте со дебитните Maestro и Mastercard картички на Охридска банка Сосиете Женерал учествувајте во наградната игра за почист град и станете потенцијален добитник на еден од седумдесетте велосипеди.

 

Од денес започнува најновата наградна игра во организација на Охридска банка Сосиете Женерал за корисниците на дебитните картички од брендот Mastercard. Како награда банката доделува седумдесет велосипеди.

Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на која било од дебитните картички од програмата на Mastercard, издадени од Банката: Maestro, Mastercard Debit Standard и Mastercard Debit Gold.

Правилата за учество им овозможуваат на сите корисници на дебитните картички од брендот Mastercard да учествуваат во наградната игра со направени најмалку 20 трансакции од кои минимум една трансакција да биде направена со Mastercard Debit Standard картичката за физички лица со можност за бесконтактни плаќања. Како валидни трансакции се сметаат трансакциите направени на ПОС-терминал на кое било продажно место на територијата на Република Македонија, како и трансакциите направени со електронско плаќање преку интернет.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една награда, со тоа што на секои дополнителни 20 трансакции, од кои минимум една трансакција со Mastercard Debit Standard, името на корисникот на картичката уште еднаш ќе се појавува како можен добитник, со што се зголемуваат шансите за награда.

Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 21.2.2018 г. со почеток во 10:00 ч., во просториите на Охридска банка АД Скопје, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници.

Повеќе информации за наградната игра, клиентите можат да најдат на веб страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум земјата.

Наградни игри

Набавете зимска опрема за велосипедизам со HalkPay и GarminPay и учествувајте во наградната игра „Активирај Супермоќ“

Објавено

на

Возењето велосипед има бројни придобивки по здравјето на човекот – се грижи за срцето и заштитува од кардиоваскуларни заболувања, помага за губење на килограми, но, исто така претставува и еколошко превозно средство кое ја заштитува животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Искористи ги можностите на Халкбанк за плаќање на рати и активирај супермоќ

Објавено

на

Зарем има нешто попримамливо од можноста, да купувате сè што ви е потребно или што го посакувате, плаќајќи на рати без камата и притоа да добиете шанса за освојување вредни награди? Токму тоа го овозможуваат Mastercard кредитните картички издадени од Халкбанк – да купувате на рати без камата и истовремено да учествувате во големата наградна игра „Освојувај награди со Mastercard“ која веќе започна и ќе трае до крајот на февруари идната година. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Извлечени првите добитници на награди од наградната игра „Освојувај награди со Mastercard“ на Халкбанк

Објавено

на

Првите 15 добитници на ваучери за спортска опрема во вредност од по 6.000 денари во наградната игра на Халкбанк – „Освојувај награди со Mastercard“ веќе се извлечени. (more…)

Продолжи со читање

Популарно