Connect with us

Криптовалути

За четири години цената на биткоинот ќе достигне 250.000 долари

Објавено

на

Цената на биткоинот ќе достигне ниво од 250.000 американски долари, но неговиот статус како ”безбедно засолниште“ за инвеститорите би можело да почека малку подолго од предвиденото, истакна познатиот инвеститор на ризичен капитал Тим Дрејпер.

Во интервју за Yahoo Finance, Дрејпер го повтори своето предвидување дека биткоинот ќе достигне 250.000 американски долари до 2023 година. Меѓутоа, поради сегашните трендови, би можело да дојде до мало задоцнување за да се достигне на тоа ниво во реалноста.

”Биткоинот се консолидираше подобро отколку што мислев и претпоставував“, изјави Дрејпер во интервјуто, при што додаде: ”Мислев дека во овој момент ќе има многу повеќе конкуренти кои се навистина релевантни, но луѓето се консолидираа кон биткоинот бидејќи е децентрализиран“.

Дрeјпер е познат по своето предвидување на цената на биткоинот веќе подолго време. Моментално, тој верува дека временската рамка од четири години е доволна цената да достигне ниво од 250.000 долари.

”Цената на биткоинот ќе достигне до 250.000 долари до 2022 година или до првиот квартал од 2023 година“, изјави тој.

Криптовалути

Централните банки ги испитуваат ефектите од можно воведување на дигитални валути

Објавено

на

Најголемите светски централни банки се здружија со цел да истражат дали е неопходно да се издадат криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Како банкарската крипто револуција ќе дојде од Швајцарија?

Објавено

на

Швајцарија која важи за една од најдобрите држави за чување и управување со личното богатство се повеќе ќе се насочува кон употреба на криптовалута како нов и модерен начин за задржување на приватноста на корисникот.

Водејќи се од таа помисла новата банка SEBA Bank AG до седиште во Цирих и глобални лиценци ги истакна своите амбиции за употреба на криптовалутите.

Една од главните услуги на SEBA Bank AG е издавањето на дебитна картичка која благодарение на напреден софтвер може да прави плаќања и во традиционални валути и во модерни како биткоин и инстантно да ја направи конверзијата.

Со истата картичка на SEBA покрај мобилни плаќања и трансфери може да се прават трансакции за тргување на повеќе криптоберзи на кои се менуваат вредностите на различни финансиски продукти и криптодеривати.

Визијата на основачот Гидо Булер ја споделуваат и голем број на ангел инвеститори бидејќи досега неговата банка има собрано 100 милиони франци финансирање за само 2 месеци.

Швајцарија се повеќе развива позитивна крипто клима. Falcon Group во изминатите три години веќе овозможува управување со биткоин средства за корисниците.

Швајцарскиот стартап Bitcoin Suisse  исто така аплицираше за глобална лиценца во Швајцарија со што ќе може да работи од комерцијално банкарство, до чување на валути и понуда на крипто услуги.

Предностите на крипто банките кои се во самиот зачеток е брзината на отворање на сметка, издавање на дебитна картичка и бројни бенефиции во делот на приватноста и ефикасноста во тргувањето со криптодеривати.

Според Булер овие предности се повеќе ќе ги привлекуваат инвеститорите кои сакаат да го избегнат физичкиот ризик од располагање со криптовалутите, нивно чување и управување.

Визијата на швајцарските крипто банкари е нивните услуги да се пренесат и кон генералното население со поголемата употреба на криптовалутите, наместо како сега на помала група на инвеститори и иноватори.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот е непроценлив како валута

Објавено

на

Вреднувањето на биткоинот дека претставува криптовалута која е непроценлива е многу важен атрибут, особено во земји како Аргентина и други каде во моментов расте интересот за признавање и воведување на криптовалутите како платежно средство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно