Електронско банкарство
За уште подобро корисничко искуство – Нов изглед и нови функционалности на ПроКредит мобилната апликација

ПроКредит Банка ја претстави најновата, унапредена верзија на апликацијата за мобилно банкарство, со нов, подобрен кориснички интерфејс кој е практичен и интуитивен, и нуди лесна навигација низ бројните функционалности.
Покрај новиот, модерен изглед, со новата верзија на апликацијата корисниците добиваат низа нови функционалности кои се создадени како одговор на потребите на клиенти за брз и практичен начин да ги завршат своите банкарски потреби.
Новите функционалности на мобилната апликација, покрај стандардните услуги, вклучуваат и:
- Биометриска автентикација – логирање со отпечаток на прст
- Буџетски плаќања – можност за едноставно и лесно електронско плаќање кон буџетски корисници
- Send to friend – Трансфер на средства кон контакт
- Преглед на бизнис картички – новитет кој овозможува целосна евиденција и управување со бизнис картички во секое време и од секое место
- Можност за промена на ПИН на платежната картичка
- Поштенско сандаче за праќање на пораки кон Банката – полесен и побрз начин до онлајн експозитурата на банката
- Поставување на дневен лимит за плаќања
Мобилното банкарство на ПроКредит Банка овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција.
Како прва и единствена целосно дигитална банка, ПроКредит континуирано развива нови дигитални банкарски услуги со цел да го унапреди корисничкото искуство за своите клиенти, кои веќе ги користат предностите на дигиталните експозитури.
Дознајте повеќе за мобилната апликација на ПроКредит на следниот линк: https://www.pcb.mk/mobilna-aplikacija.nspx
Електронско банкарство
AETM: Моменталните законски решенија го кочат растот на е-трговијата

На овогодинешната конференција за е-трговија која се одржа на 11 ноември во Скопје беше промовирана годишната Анализа на е-трговијата 2022 година со наслов „E-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2022 година”, каде што беа презентирани клучните сознанија за состојбата на е-трговијата во земјата и регионот, според кои може да се забележи напредок и раст во бројот и обемот на онлајн трансакции, зголемена понуда на производи и услуги кои што можат да се купат онлајн, но и бројни предизвици и бариери со кој што се соочуваат е-трговците. Една од бариерите која произлезе од анализата е неусогласеноста на домашната регулатива со регионот и ЕУ – што преставува пречка за меѓународна продажба на други пазари во регионот и искористување на поволностите на е-трговијата. Она што уште повеќе загрижува е тоа што домашните трговци се соочуваат и со бројни проблеми и при е-продажбите на домашниот пазар, а како резултат на несоодветните и нејасни законски решенија кои влијаат ограничувачки на понатамошниот раст на е-трговијата. (more…)
Електронско банкарство
НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица

Во текот на месец ноември, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје