Connect with us

Домашни банки

ЗА СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ НЕМА КРИЗА – Добивка од 8,8 милиони евра за три месеци во 2020 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 година, Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 606.764 илјади денари, што претставува зголемување за 1,1% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.

Нето добивката на Банката по оданочување изнесува 546.088 илјади денари или 8,8 милиони евра за првиот квартал од 2020 година.

Кон крајот на овој квартал се случи пандемија ковид -19 која започна да се шири на глобално ниво предизвикувајќи сериозни импликации врз здравјето на луѓето со соодветен голем импакт и во економската сфера. Стопанска Банка АД Скопје веднаш презеде мерки за заштита како на вработените така и на клиентите, со почитување на сите препораки кои започнаа да се објавуваат од страна на сите релевантни авторитети.

Менаџментот на Банката ќе продолжи активно да го следи развојот на кризата и да презема мерки и активности за ублажување на ефектите, како за Банката така и за нејзините клиенти.

Биланс на успех

Нето приходите од камати изнесуваат 928.968 илјади денари додека нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 187.397 илјади денари и се намалени за 28,7% во однос на крајот од првиот квартал во 2019 година.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 16,5%, додека останатите расходи од дејноста намалување за 27,7%.

Трошоците за вработени на СБ за првиот квартал од 2020 година изнесуваат 220.736 илјади денари.

Во анализираниот период, СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 177.741 илјади денари, соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Не е забележана загуба поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа.

Биланс на состојба

Вкупната актива на СБ на 31.03.2020 изнесува 99.878.722 илјади денари и е на скоро исто ниво, споредено со крајот на 2019 година.

Паричните средства и парични еквиваленти споредени со крајот на 2019 година се пониски за 2.768.049 илјади денари односно за 12,7%, додека кредитите и побарувањата од други комитенти изнесуваат 69.696.307 илјади денари и се повисоки за 3.198.208 илјади денари или 4,8% во споредба со крајот на минатата година.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 247.723 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2019 година од 4.390 илјади денари.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 8.506.084 илјади денари и споредено со крајот на минатата година бележат намалување за 186.085 илјади денари или 2,1%.

Превземените средства врз основа на ненаплатени побарувања изнесуваат 42.356 илјади денари.

Позицијата вкупни депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) остана на скоро исто ниво споредено со минатата година, која изнесува 82.823.611 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 15.804.334 илјади денари што претставува зголемување за 3,6% во однос крајот на 2019 година, пред се како резултат на остварената добивка во 2019 година.

Вложувања или продажба на материјални средства(недвижности, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата заклучно со 31.03.2020 година бележат благо зголемување во однос на крајот на 2019 година за 4.432 илјади денари односно 0,5%.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити изнесуваат 305.585 илјади денари и се зголемени во однос на крајот на 2019 година за 42,6%.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно