Connect with us

Останато

За само еден ден Илон Макс остана без 15 милијарди долари!?

Објавено

на

Основачот на „SpaceX” и „Tesla”, Илон Маск, повеќе не е најбогатиот човек во светот, откако за само еден ден изгуби 15 милијарди долари.

Акциите на неговата компанија „Tesla” во текот на вчерашниот ден се намалија за приближно 9 проценти, а падот продолжи и во текот на денешниот ден за дополнителни 4 проценти односно акцијата на производителот на електрични автомобили се намали за речиси 100 долари, а тоа резултираше со намалување на богатството на Илон Маск.

Големиот пад на акциите го симна од тронот Илон Маск, па сега повторно како најбогат човек во светот се рангира основачот на „Amazon”, Џеф Безос со богатство вредно 186,3 милијарди долари. На второто место е Илон Маск со богатство коешто во моментов е проценето на околу 183,4 милијарди долари, пренесува „Bloomberg“.

Падот на акциите на „Tesla”, најголем по оној во септември 2020 година, се случи откако Маск во саботата на „Twitter” соопшти дека главните криптовалути се преценети. По изјавата, вредноста на биткоинот, според информации на „Coindesk”, се намали за повеќе од 10 проценти и моментално вреди нешто повеќе од 47.000 американски долари.

Неодамна, биткониот достигна рекордна вредност достигнувајќи 58.300 долари, откако претходно „Tesla” објави дека во најпознатата криптовалута вложува 1.5 милијарди долари.

Останато

Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два проценти во однос на првиот квартал

Објавено

на

Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена претходната недела, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поштите на Србија и Северна Македонија потпишаа Протокол за деловна соработка во рамките на „Отворен Балкан”

Објавено

на

Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Донесен ребалансот на Буџетот, повеќе финансии за поддршка на стопанството и граѓаните

Објавено

на

Собранието во текот на вчерашниот ден со 56 гласови „за” и 37 „против”, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом. (more…)

Продолжи со читање

Популарно