Connect with us

Домашни банки

„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село

Објавено

на

По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа.

Во рамките на платформата Sparkasse Life, која обединува корпоративни општествено одговорни практики во различни животни сегменти, а во согласност со принципите на работа на СОС Детско село, од денес преку кампањата „За повеќе детски насмевки“, започнуваат активностите поделени во неколку сегменти на дејствување.

Во периодот од 19.8.2022 до 30.9.2022, со секоја новоотворена депозитна партија од типот Штеден План, Детско Штедење, Депозит Прогрес или Депозит Плус, Банката ќе донира по 600 денари за потребите на СОС Детско село. Во рамките на оваа соработка се предвидени и волонтерски активности и индивидуални финансиски донации од вработените на Шпаркасе Банка, практика што е успешно прифатена и се спроведува веќе низа години со цел поттикнување на индивидуалната филантропија. Својата индивидуална поддршка во наредниот период ќе можат да ја изразат и сите клиенти на Банката, со директно донирање за потребите на СОС Детско село преку апликацијата за мобилно банкарство на Банката.

На овој начин Шпаркасе Банка ја изразува својата верба во заедницата, придонесува за подобар живот на многу деца без родители и семејства во ризик, влијае врз подигање на свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливи категории, поттикнува индивидуална филантропија, како и градење култура на солидарност и поврзување.

Крајот на кампањата ќе биде означен со завршниот настан, предавање на донацијата и садење садници во детското село, со што симболично ќе се означи новиот почеток и вложување во поубава иднина за сите деца на СОС Детско село.

Со оваа соработка Шпаркасе Банка го зацврстува својот имиџ и улога на општествено одговорна банка во Република Северна Македонија, за што говорат и многубројните национални признанија.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно