Connect with us

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа.

За високиот пораст во услови на криза кога речиси сите моќни европски и светски економии се пред колапс, придонесе домашната и странската побарувачка. За растот на домашната потрошувачка во тој период најповолно влијаела потрошувачката на домаќинствата, додека девизната размена на услуги.

Во вториот квартал домашната потрошувачка е зголемена за 8 проценти во однос на истиот период од претходната година. За ова најмногу придонесе потрошувачката на домаќинствата, која е зголемена за 10,6 отсто.

Извозот порасна повеќе од увозот – извозот за 8,7 проценти, а увозот за 8,5 проценти. Придонесот на надворешнотрговскиот суфицит во растот на БДП овојпат беше позитивен за 0,6 процентни поени.

Во однос на истиот период од претходната година, додадената вредност е зголемена за 8,7 отсто. Трет квартал по ред, најголем придонес во растот на додадената вредност имаа трговијата, транспортот и угостителството, кои и покрај забавувањето забележаа раст од 20,8 отсто на годишно ниво. Кај информациско-комуникациските дејности растот на годишно ниво е 13,7 отсто, а кај стручните, научните, техничките и другите разновидни деловни дејности 12,4 отсто. Растот на додадената вредност во преработувачките дејности забави петти квартал по ред, но сепак остана позитивен на годишно ниво и изнесува 2,7 отсто.

Во тој период во Словенија биле вработени 1.080.000 лица, што е за околу 36.000 или 3,4 проценти повеќе во однос на истиот квартал од 2021 година. Најголем дел од новите вработувања се во градежништвото, производството и стручните, научни и технички дејности.

Според сезонски приспособените податоци користени за споредби во ЕУ, економскиот раст во вториот квартал изнесувал 8,3% на годишна основа или 0,9% на квартална основа.

Економските движења се во согласност со очекувањата од јунската прогноза, покажуваат најновите податоци на Банката на Словенија. Истовремено, тие посочуваат дека со продолжувањето на руската воена агресија, изгледите се сè понеизвесни, а очекувањата за економски раст во следната година се намалуваат.

Засега, економскиот раст во Словенија останува поповолен од просекот на еврозоната, каде кварталниот раст на БДП, според првите проценки, изнесува 0,7 отсто (0,9 отсто во Словенија), а четири проценти на годишна основа.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно