Останато
За депозит во странска банка ќе добиеш награда од 1 милион долари!?

На 28.07.2022 година во Полициската станица Кавадарци, 40-годишна жена од Кавадарци пријавила дека во периодот од 2019 до 2022 година од едно лице била доведена во заблуда дека за вложени пари во странска банка ќе добие голема камата и награда од 1 милион долари, информираат од МВР.
Според пријавеното, оштетената му дала пари на рака на „измамникот”, а потоа и уплатила пари на сметка која тој и ја посочил во банката.
Како што е пријавено, во мај 2022 година, жената си ги побарала парите преку електронска адреса на која контактирала со банката, но трансферот на пари, кои требало да ѝ го вратат, никогаш не бил реализиран.
Во моментов надлежните работат на расчистување на случајот.
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје