Connect with us

Депозити

За да не се заборави: Штедењето е стара добра навика

Објавено

на

Финансиските бури во животот доаѓаат ненајавени и неповикани. И како и секогаш, најголем спас се заштедените пари. Затоа штедењето е повеќе од добра навика. И затоа штедењето како услуга и депозитите на своите клиенти се врвен приоритет во деловната политика на Комерцијална банка АД Скопје.

Комерцијална банка со гордост го носи епитетот дека е столбот на доверба кај штедачите во земјава, кои 65 години ѝ веруваат и ја градаат својата финансиска иднина и сигурност. По повод одбележување на Октомври како месец на штедењето, Комерцијална банка уште еднаш ги потсетува граѓаните зошто штедењето пари е една од најдобрите финансиски навики што може да ги стекнете. Штедењето е важно бидејќи, освен што ви носи принос од камата, ви помага во услови кога итно ви требаат финансиски средства. Ви помага да покриете некои поголеми трошења, да избегнете долгови, да го намалите финансискиот стрес и, пред сè, ви дава чувство на финансиска слобода.

Во Комерцијална банка може да изберете повеќе видови на штедење, во денари или во девизи, при што за секоја валута е понудена различна каматна стапка. Секако, имате избор да штедите по видување, да го орочите вашиот штеден влог 1, 3, 6, 12, 24 месеци или повеќе и каматата да ви се исплаќа на крајот од рокот на орочување или месечно, на датумот на првата уплата.

Изборот и одлуката се ваши, a на Комерцијална банка АД Скопје се обврската и одговорноста да биде Ваш партнер и поддршка во градењето стабилна финансиска иднина.

Депозити

Капитал Банка АД Скопје со нова промотивна кампања за штедење!

Објавено

на

За секој нов отворен Стандарден депозит во денари во Капитал Банка АД Скопје со минимален износ од 300.000 денари на 12 месеци, добивате одлична фиксна каматна стапка од 1,75% , а за првите 100 штедачи и подарок вредносен ваучер од 3000 денари за шопинг кај трговските партнери на банката. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Фондот за осигурување на депозити досега исплатил 80% од вкупниот износ на обесштетување

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Нова иновативна услуга на Капитал Банка за сите штедачи – Орочување на депозит онлајн, без сметка во Капитал Банка!

Објавено

на

Отсега, штедењето во Капитал Банка достапно и од Вашиот дом! (more…)

Продолжи со читање

Популарно