Connect with us

Останато

За време на пандемијата, богатите заработиле 434 милијарди долари

Објавено

на

Американски милијардери го зголемија своето богатство за 434 милијарди американски долари за време на пандемијата од Ковид-19 и затворањето на границите на САД во перодот од средината на март до средината на мај.

Основачите на „Amazon“, Џеф Безос и на „Facebook”, Марк Зукерберг, остварија најголеми придобивка.

Безос додаде 34,6 милијарди американски долари на своето богатство, додека пак Зукерберг го зголеми своето богатство за дополнителни 25 милијарди долари, се вели во извештајот на Американците за даночна праведност и програмата за нееднаквост на Институтот за политички студии.

Извештајот се заснова на податоците на „Forbes“ за повеќе од 600 милијардери кои го зголемиле своето богатство во периодот помеѓу 18 март и 19 мај, кога повеќето земји беа во изолација, пренесува „Business Info”.

Добивката на милијардерите покажува дека пандемијата на коронавирусот ги „награди” најголемите и технолошки најподготвените компании, дури и кога економијата и работната сила се соочуваат со најголема економска криза во поновата историја.

Според извештајот, нето-вредноста на американските милијардери се зголемила за 15% во текот на овие два месеци, од 2,948 милијарди долари на 3,382 милијарди долари.

Најголема добивка беше на врвот на пирамидата на милијардери, а најбогатите пет милијардери – Џеф Безос, Бил Гејтс, Марк Зукерберг, Ворен Бафет и Лери Елисон – остварија комбинирана добивка од 76 милијарди долари.

Илон Маск процентуално имаше една од најголемите придобивки, бидејќи неговата нето вредност скокна за 48 проценти за овие два месеци на 36 милијарди долари.

Богатството на Марк Зукерберг се зголеми за 46 проценти на 80 милијарди долари за два месеци. Богатството на Џеф Безос се зголеми за 31 процент на 147 милијарди долари.

Имаше и милијардери коишто остварија загуби во периодот на корона кризата, особено оние кои се занимаваат со угостителство и туризам.

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Со новите измени на Законот, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот!?

Објавено

на

Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, смета Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колапс на приватниот сектор во Јапонија – бројот на банкротирани компании за една година се зголемил за неверојатни 49%

Објавено

на

Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-пандемиските мерки. (more…)

Продолжи со читање



Популарно