Домашни банки
За блескава иднина на сите сегашни и идни студенти, студентски пакет со низа поволности од Халкбанк

Инвестирањето во високото образование е една од најважните одлуки што можете да ги донесете во животот. И покрај незаборавните доживувања во текот на студирањето и многуте среќни и возбудливи моменти, студентскиот живот знае да биде и стресен и исполнет со различни предизвици, најчесто врзани за финансиските трошоци за време на студиите.
За да го направи студентското искуство попријатно и попрактично и да им пружи блескава иднина на сите сегашни и идни студенти, Халкбанк креираше специјален студентски пакет на производи наречен „За чиста 10 ка“. Како банка која постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк го создаде ексклузивниот пакет услуги што им нуди на студентите низа поволности и бенефиции, со цел да им го олесни секојдневното функционирање за време на студирањето. Пакетот на производи е наменет за студенти на возраст од 18 до 24 години, а сите сегашни и идни студенти можат да аплицираат онлајн или во најблиската филијала на банката. Сè што е потребно е да поседуваат важечки индекс и лична карта.
Со студентскиот пакет „За чиста 10-ка“, секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која може да повлекува готовина без надомест на сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатно водење трансакциска сметка. Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSend – за лесно префрлување средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од АТМ на Халкбанк без употреба на картичка, како и HalkPay – за лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон преку дигитализација на платежните картички.
Воедно, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник преку дигитализација на платежните картички од брендовите Visa и Mastercard.
Политиката на банката – да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.
Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.
Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.
Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.
„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.
Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Странски банкипред 1 month
НЛБ ќе исплати дивиденда од 5,5 евра!