Депозити
За безгрижно детство и сигурна иднина, одберете банка која е партнер од доверба


За учење на финансиска одговорност е потребно време и истрајност, но отворањето на детска штедна книшка може да помогне за таа цел и најчесто се покажува како навистина паметен избор, за детето и неговата иднина. Има многу придобивки од отворање на штедна книшка.
Меѓу нив се: децата се учат да планираат однапред, да останат фокусирани на целите и приоритетите, да штедат за работите што ги сакаат, ги учи на вредноста на парите, да не ги трошат залудно, како и основни математички вештини. Со детското штедење им помагате на децата да го осознаат поимот финансиска одговорност во процесот на нивното созревање.
Халкбанк АД Скопје во своето портфолио на депозити нуди и депозит за детско штедење, со навистина едноставни и поволни услови. Сѐ што ви е потребно за отворање на орочен депозит за детско штедење е лична карта на родител/старател, извод од матична книга на родените од детето и почетен депозит кој може да биде во минимален износ од 1000 денари за денарско штедење, односно 20 евра за девизно штедење. Каматната стапка за избраниот период е фиксна и во зависност од избраниот период на орочување, достигнува до 1,9%, односно 1,4% за денарско и девизно штедење, соодветно.
Халкбанк, конкретно за овој депозит, нуди можност за дополнителни уплати, пред истекот на датумот на доспевање, а за секој отворен депозит издава дизајнирана детска штедна книшка и ве наградува со Халки касичка, каде заедно со вашите најмили ќе може да ги штедите средствата кои би се додале на штедното конто на вашето дете. Сега можете да ги чувате парите што вашето дете ги добило за роденден, за одличниот успех во училиште и слични посебни пригоди на навистина безбедно место, средствата да се оплодат и да се искористат за исполнување на желбите и потребите на најмилите. Се разбира, вашиот депозит можете да го следите преку услугата електронско банкарство, каде се достапни опциите за дополнителни уплати и следење на сите промени и детали.
Халкбанк АД Скопје, како една од најголемите и најсилни банки во земјава и најбрзорастечка банка на пазарот е вистински партнер за штедење, на кој можете да се потпрете и да му ја дадете својата доверба, бидејќи континуирано докажува дека за оваа банка навистина Важни се луѓето и нивните средства.
Депозити
Нов промотивен депозит „Научи да штедиш“ од Капитал Банка


Со новиот промотивен депозит на Капитал Банка “НАУЧИ ДА ШТЕДИШ” за двојно пократко, добиј двојно повеќе, со до 2,2% неверојатна фиксна годишна каматна стапка и рок на орочување од 6 месеци! (more…)
Депозити
Големата моќ на малата Халк е-касичка


Живееме во време во кое со еден клик можеме да пронајдеме и купиме се што ни треба. Потребен ни е само телефон или компјутер и платежна картичка. А купувањето со платежна картичка полека, но сигурно, станува доминантен начин на плаќање и го заменува плаќањето со готовина. Но, со тоа и штедењето пари станува сè потешко. (more…)
Депозити
ПРОМО ФИКС – промотивни депозити на ТТК Банка во денари и во евра


ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда на ПРОМО ФИКС депозитите за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари на 15 и 25 месеци, и евра на 15, 25 и 36 месеци, во промотивен период до 15.1.2021 година. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 2 months
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје