Connect with us

Платежни картички

Заштеда до 12% на резервациите на Booking.com со American Express

Објавено

на

Нова одлична поволност за корисниците на кредитните и дебитните Аmerican Express картички издадени од Силк Роуд Банка. Отсега сите корисници на кредитните и дебитните Аmerican Express картички може да уживаат во повеќекратните придобивки при онлајн резервација на една од најголемите меѓународни онлајн туристички агенции – Booking.com.

Booking.com беспрекорно поврзува милиони патници со незаборавни искуства, различни опции за превоз и неверојатни места за престој – од домови до хотели и многу повеќе. Сѐ што треба да направите е да ја посетите веб страната на следниот линк на кој ќе ви биде овозможен пристап до понудата на Booking.com каде ќе можете да ја изберете вашата омилена дестинација во посакуваниот период, во селектираниот хотел и видот на собата од ексклузивните Amex зделки. По избирање на хотелот и видот на собата, плаќањето се потврдува со American Express картичка, со што вие ќе добиете до 12% заштеда на вашата резервација заедно со потврдата за резервацијата со неопходните детали. Дополнителен бенефит кој ви го овозможува Booking.com е фактот што обезбедува 24/7 поддршка преку службата за корисници, која е достапна во секое време да одговори на прашањата на потрошувачот и да му помогне при патувањето.

Картичката American Express за македонските граѓани е единствено достапна преку Силк Роуд Банка и истата претставува платформа за придобивки кои American Express ги овозможува за да го подобри секојдневниот живот на корисниците и да ги направи уште подобри одличните искуства. Четирите столба на кои се потпираат придобивките од картичката се да ги олесни патувањата, да ги зголеми придобивките преку понудата, да овозможи пристап до сервисите и да обезбеди заштита за корисникот при користење на картичката.

„Ова е единствена можност само за клиентите на Силк Роуд Банка, која е единствена банка во државата и во регионот со 100% швајцарски капитал. Всушност, Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија која ја има лиценцата за картичките American Express, за која нашите потрошувачи може да избираат од понудата на две кредитни и една дебитна картичка. Може да забележите дека често го повторуваме зборот единствена затоа што тоа е најдобриот начин да ја илустрираме нашата позиција на македонскиот пазар и уникатните услуги кои ги нудиме за нашите клиенти“, велат од Силк Роуд Банка.

За повеќе информации за новата поволност на Силк Роуд Банка можете да го посетите следниот линк.

Платежни картички

Дали паметно ја користите вашата кредитна картичка?

Објавено

на

Возите автомобил и точите гориво во него? Купувате лекови или производи за нега во аптеките? Нарачувате производи онлајн од домашни онлајн продавници? Зошто тогаш не размислите за можноста да добиете попуст на направените трансакции. Односно, да добиете бонус поени кои потоа можете да ги искорстите за нови пазарувања. Токму тоа го нуди бонус програмата на Халкбанк АД Скопје наменета за корисниците на кредитните картички од брендовите Mastercard и Visa издадени од банката, што може да биде одличен начин да заработите од купувањата што сепак требаше да ги направите. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Динерс воведе можност за подигнување готовина на банкоматите на Халкбанк

Објавено

на

Diners Club Македонија им овозможи на корисниците на картички да подигнуваат готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за сите Mastercard кредитни картички за физички лица – Вистинска можност да добиете повеќе!

Објавено

на

Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе.

Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или бесплатна членарина за првата година од користењето.

Поконкретно, во промотивниот период, 1.000 клиенти – иматели на некоја од споменатите Mastercard картички кои ќе направат најголем број трансакции ќе добијат паричен износ во висина од 2.000 денари на нивната картичка. Дополнително, сите оние кои, во промотивниот период, ќе аплицираат и ќе станат корисници на некоја од наведените Mastercard картички ќе добијат бесплатна членарина за првата година од користењето.

НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard. Дополнително, Mastercard HaPPy картичката е единствената картичка на пазарот која нуди загарантирана можност за cashback за секое нејзино користење.

Повеќе детали за Mastercard кредитните картички и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Продолжи со читање


Популарно