Connect with us

НБРМ

Започнува 11. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура на НБРМ

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека во соработка со Централната банка на Холандија ја организира Единаесеттата конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, којашто оваа година е насловена: „Време е за дигитализација”. Конференцијата ќе се одржи во Охрид, а започнува денес и ќе трае до 8 јуни 2018 година.

На Конференцијата, којашто традиционално има меѓународен карактер, предавачи се високи претставници од Европската комисија, Европската централна банка, централните банки коишто му припаѓаат на Европскиот систем на централни банки, Банката за меѓународни порамнувања и Светската банка. Воедно, оваа година потврдено е учеството на претставници од 21 централна банка од регионот на Западна, Централна и Источна Европа, Заедницата на независни држави, Блискиот Исток и Северна Африка, што недвосмислено го потврдува високиот квалитет и препознатливоста на оваа конференција во меѓународни рамки.

Конференцијата ќе опфати теми коишто, меѓу другото, ќе се однесуваат на новите дигитални технологии за плаќање развиени од секторот Финтек, безбедноста во дигиталната трансформација, глобалните трендови во финансирањето на трговијата, како и новата регулатива во платежната област во Европската Унија. За време на Конференцијата ќе биде одржана панел-дискусија на која истакнати експерти од платните системи, секторот Финтек и претставници од платежните институции ќе дискутираат за трансформативната моќ на дигиталните плаќања и предизвиците во плаќањата во интегрираниот свет.

Одржувањето на оваа конференција носи големи придобивки за платежната индустрија во домашната економија. Следењето на светските новини во оваа област треба да придонесе кон повисок степен на развој на платежните услуги, кон зголемување на нивната ефикасност и намалување на трошокот за нивно извршување.

НБРМ

Објавен конкурсот за учениците по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето – 1 ноември. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Известување за 30. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Централна Банка

Ве известуваме дека на 30. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 26 септември 2018 година (среда) во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:

  • „Финансирање на малите и средните претпријатија преку банкарскиот сектор во Република Македонија ‒ резултати од анкетно истражување“,  од авторите Тања Јакимова и Неда Поповска-Камнар и
  • „Трансмисискиот механизам на монетарната политика во Македонија преку каналот на преземање ризици: наоди од податоците од Кредитниот регистар“, од авторите Мите Митески, Ана Митреска и Михајло Васков.

Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето присуство најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) на е-адресата: info@nbrm.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

Продолжи со читање

НБРМ

Редовна аукција за продажба на благајнички записи

Објавено

на

На 12 септември 2018 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 2,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 25.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 10 октомври 2018 година.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange