Connect with us

Останато

Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Објавено

на

Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот. 

Проектот има две цели. Прво, оспособување на одбраните кандидати за позицијата Front-end developer, а потоа по студиите да им биде понудена помош за наоѓање работа. Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видеолекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор.

Одбраните кандидати ќе добијат покривање на 80% од трошоците за студиите, а обуката им е наменета, пред сѐ, на невработени лица, вклучувајќи и студенти, при што приоритет ќе имаат деца без родители, деца на самохрани родители и лица со посебни потреби.

Пријавувањето на кандидатите трае до 21 јули, а се врши на веб-страницата на BEF.

Останато

Bankarstvo #askJosif: Кафе на работно место

Објавено

на

Пиењето на кафе за време на работа, или општо, пиењето на кафе никогаш не е проблем. Проблем е потребата за кафе. Јас многу често кога разговарам со моите клиенти ги прашувам колку кафиња пијат на ден. Независно од бројката што ќе ми ја кажат, следното прашање ми е дали тоа ти е потреба или ти е задоволство. Доколку тоа е потреба тука повлекувам линија и продолжуваме во следна насока.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Одбележан меѓународниот ден на царината со доделување благодарници на заслужни вработени, институции и организации

Објавено

на

Царинската управа на Република Северна Македонија се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на царината со истакнување на неколку важни определби од функционирањето на оваа важна институција.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

ССК со признание од Светската Царинска Организација

Објавено

на

Генералниот секретар на Светската Царинска Организација Кунио Микурија, додели признание за придонес кон развојот на Царината на претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. Признанието го врачи директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, во пресрет на Светскиот ден на Царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно