Connect with us

Странски банки

Започнува со работа првиот хрватски фонд за инвестирање во криптовалути

Објавено

на

За десетина дена, во Хрватска ќе започне со работа првиот инвестициски фонд за инвестирање во криптовалути, наречен „Passive Digital Asset”.

На 7 мај, Управниот одбор на Хрватската агенција за супервизија на финансиски услуги (Ханфа) издаде решение со кое му се одобрува на друштвото за управување со алтернативни инвестициски фондови „Grifon Asset Management” од Осиек да формира и управува со фонд што ќе биде специјализиран за инвестирање во биткоин. Во моментов, компанијата се уште е во фаза на прибирање на првични понуди за акции и удели, а за активирање на фондот имаат утврдено прибирање на средства во вредност од минимум еден милион куни.

Фондот е наменет исклучиво за професионални и квалификувани инвеститори со „висок апетит за ризик“, а главна предност е што сега оние инвеститори кои не биле во можност да го сторат тоа претходно, ќе можат да инвестираат во биткоини и останатите криптовалути.

Хрватската агенција за супервизија на финансиски услуги (Ханфа) ја предупредува јавноста дека „инвестирањето во крипто-средства претставува дополнителен ризик заради голема нестабилност и неизвесност во однос на регулаторната рамка во врска со активата на криптовалутите“.

Самостојно чување на криптовалути, односно тргување со нив, носи со себе значителни технички и други оперативни ризици, но преку фондот, според неговите основачи, тоа треба да биде многу полесно и побезбедно.

Во известувањето на регулаторот се вели дека за постигнување на инвестициската цел, фондот ќе примени пасивна инвестициска стратегија, која ќе се обиде да го одржи највисокото можно ниво на профитабилност за фондот во биткоин. Стратегијата е да се тргуваат и чуваат биткоини, а ќе се спроведува така што движењето на цената на уделите ќе се рефлектира во однос на движењето на пазарната цена на биткоинот изразена во евра.

„Во случај на значителен пад на вредноста на биткоинот, компанијата нема да настојува активно да ја намали изложеноста на Фондот во биткоини, со цел да го намали падот на вредноста на уделите во фондот“, се вели во известувањето на Хрватската агенција за супервизија на финансиски услуги (Ханфа).

Банка чувар на имотот на фондот е Хрватската поштенска банка.

Фото: btcmanager.com

Странски банки

Банките и регулаторите ја губат битката против перењето пари

Објавено

на

Податоците протекоа од мрежата за спроведување на финансиски злосторства на Министерството за финансии на САД, кои дадоа слика на банки презаситени од огромниот обем на потенцијални сомнителни трансфери, без ниту ресурси ниту волја темелно да се справат со проблемот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Американскиот банкарски гигант JPMorgan Chase ќе плати казна за берзански манипулации

Објавено

на

Три американски регулатори во текот на вчерашниот ден истовремено објавија за постигнат договор со „JPMorgan Chase” за запирање на криминалната истрага во однос на оваа банка во замена за исплата на казна во вредност од 920 милиони долари. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно