Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Започнува првата PR конференција “ПР Бар„

Објавено

на

Денес во Парк хотел и спа ќе се одржи првата “after work” конференција за ПР индустријата.

Под мотото “ПР Бар” овој настан ќе започне во 18 часот и ќе трае се до 21 часот. Настанот е во организација на Академија за маркетинг и пр на Creative Hub.

На првиот панел ‘’ПР и медиуми’’ говорниците ќе се обидат да одговорат на следните прашања:  ПР и медиумите имаат иста цел – да се пренесе приказната. Кој е подобар раскажувач? Можат ли еден без друг? Односот меѓу ПР професионалец и претставниците на медиумите ( љубов или омраза).

Што новинарите очекуваат од ПР професионалците? Медиуми – кои се нивните конзументи ? Online Vs. offline медиуми  Лажни вести ( вистина или лага, или само важно е да е вест?) Медиа лобирање? Комерцијален текст, АДВ или ПР?

Вториот панел е на тема ‘’Кризен ПР менаџмент’’ и предвидени теми се следните: Стратегија за Кризен ПР менаџмент;  Што е криза, а што е пропаганда? Социологија и типографија на сите засегнати страни во ситуација на кризен пр? Што е негативен текст, а што е криза? и уште многу други кои ќе се развијат во текот на дискусијата, а и публиката ќе има можност да се вклучи.

Специјален гостин на настанот е Горан Михајловски, кого публиката го знае како долгогодишен уредник на дневниот весник “Вест”, но и како автор на една од најпознатите колумни “Сакам да кажам” која своевремено порасна и во медиум.

Целта на овој настан е да се даде вредност на ПР-от како гранка на маркетингот што започнува се по масовно да се развива.

Картите на настанот се по цена од 799 МКД и може да се купат на shop.creativehub.mk, а целиот настан ќе се одржи во фоајето на Four Ресторанот.

Останато

Тевдовски: „Фич“ ја потврди добрата фискална политика и реформите во јавните финансии

Објавено

на

Извештајот на кредитната агенција „Фич“, со кој го подигна кредитниот рејтинг на земјава после 13 години, е сериозна потврда за исправната фискална политка, а потенцирани се и реформите кои се направени во системот на јавни финансии. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски презентирајчи го извештајот на кредитната агенција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Запознајте го Славе Стефановиќ: До 15% поевтин живот благодарение на платформата на Cashback

Објавено

на

Како Славе Стефановиќ ја изгради својата мрежа на пријатели во Cashback и добива

дополнителни попусти кај 1800 трговци (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Прогресивниот данок дава ефекти!

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски изрази задоволство од ефектите на прогресивното одданочување. Тој вели дека приходите од персоналецот за 5 месеци забележале пораст од 17,4%. Сите тврдења дека ќе се намали вработеноста, ќе се зголеми даночната евазија, ќе се намалат платите, според него се покажале како неточни. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange