Connect with us

НБРМ

Започнува Глобалната недела на парите 2021 година

Објавено

на

Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот сектор и непрофитните институции активни во доменот на финансиската едукација, деветта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите, којашто оваа година е во периодот 22 ‒ 28 март. Темата на Глобалната недела на парите за оваа година е: „Грижи се за себе, грижи се за своите пари“ (Take care of yourself, take care of your money).

Заради пандемијата со корона-вирусот, активностите за време на Глобалната недела на парите оваа година, главно ќе се одвиваат преку е-предавања и објави на едукативни материјали на интернет-страниците на институциите и на социјалните мрежи. Виртуелните едукативни предавања ќе бидат наменети за учениците од основните и средните училишта од нашата земја на теми од областите што ги покриваат одделните институции, поврзани со функционирањето на финансискиот систем.

Народната банка ќе оствари повеќе едукативни предавања за учениците од основните училишта, предавања и квизови за учениците од средните училишта, ќе објави едукативна содржина во серијалот „Економија за секого“, како и едукативен анимиран видеоматеријал од серијалот „Со Народната банка во светот на финансиите“. За време на Глобалната недела на парите ќе се одржи и националниот натпревар за Европскиот квиз на парите 2021 година во чии организациски активности е вклучена и Народната банка.

На  светско ниво, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година заради пандемијата, при што од 2021 година се одржува во организација на ОЕЦД. Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 175 земји во светот, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и ги зголемува нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година, младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат државните, финансиските и образовните институции. Целта на Глобалната недела на парите е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на финансиската едукација, со што ќе се помогне тие да станат свесни за своите финансиски права, ќе им се олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе се развијат нивните финансиски вештини.

Повеќе информации за Глобалната недела на парите на врската: http://globalmoneyweek.org/

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка донесе одлука за воведување макропрудентна мерка за дополнително јакнење на заштитните механизми во банкарскиот систем

Објавено

на

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за воведување макропрудентна мерка со која дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем, заради зачувување на неговата отпорност и натамошно јакнење на финансиската стабилност во услови на постепено зголемување на системските  ризици. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Каматните стапки на кредитите во јуни останаа ниски, умерено зголемување кај новопримените депозити

Објавено

на

Народната банка денеска информира дека каматните стапки на кредитите остануваат ниски, а умерено зголемување е забележано кај каматните стапки на новопримените депозити. (more…)

Продолжи со читање


Популарно