Лични финансии
Започнува Глобалната недела на парите 2022: „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“


Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година.
Годинешнава тема „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“ (Build your future, be smart about money), ја доловува важноста на размислувањето за сопствената иднина при донесувањето важни финансиски одлуки. Оваа тема не само што ги поттикнува младите луѓе да размислуваат за иднината, туку и ги охрабрува организациите учеснички на Глобалната недела на парите да размислуваат за иднината кога ги планираат своите активности за 2022 година, обезбедувајќи флексибилност за решавање на прашањата од областа на финансиската одржливост и дигитализацијата на финансиските услуги.
Активностите за време на Глобалната недела на парите и годинава, поради пандемијата на ковид-19, главно ќе се одвиваат преку е-предавања и објави на едукативни материјали на интернет-страниците на институциите и социјалните мрежи. Предавањата ќе бидат наменети за учениците од основните и од средните училишта од нашата земја, на теми од областите што ги покриваат одделните институции, поврзани со функционирањето на финансискиот систем.
Народната банка ќе организира едукативен караван за учениците од основните училишта од руралните средини, виртуелно предавање и едукативен квиз за учениците од средното економско училиште и ќе објави едукативна инфографика. За време на Глобалната недела на парите ќе се одржи и националниот натпревар за Европскиот квиз на парите 2022 година во чија организација е вклучена и Народната банка.
На светско ниво, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, при што од 2021 година се одржува во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот, во која се опфатени 53 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и ги зголемува нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година, младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат финансиските и образовните институции.
Повеќе информации за Глобалната недела на парите на врската: globalmoneyweek.org
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек


Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: ШТО СЕ ПАРИТЕ И КАКО НАСТАНАЛЕ?


Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. (more…)
Депозити
Пет придобивки од штедењето во банка


Кога се мисли на инвестирање, најчесто станува збор за акции, недвижен имот, или пак странски валути. Сите овие инвестиции нудат одреден долгорочен поврат на средствата, но и одреден степен на ризик, утврдени минимални износи како почетна инвестиција и одредена расположливост на вложените средства. Па, зошто тогаш не размислите да ги инвестирате во производ што има минимален ризик, безбеден е и преку него имате брз и лесен пристап до вашите средства? (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје