Connect with us

Останато

Започнува враќањето на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“

Објавено

на

Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека исплатите на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“ ќе започнат да исплаќаат од тековнава недела.

Оваа мерка беше спроведена на 10, 11 и 12 октомври, кога беше реализиран вкупен промет од околу 9 милиони евра, или поточно 558.176.715 денари, од кои, како што соопштија од Управата за јавни приходи, повратот изнесува 66.853.929 денари, односно нешто повеќе од еден милион евра.

Владините проекции при најавата на оваа мерка беа дека ќе се потрошат над 170 милиони евра, а повратот на ДДВ ќе биде во вкупна висина од 17 милиони евра.

Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 илјади граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки.

Во пакет со овие исплати треба да пристигне исплатата и за повратот на ДДВ за третиот квартал.

Останато

ММФ предвидува дека кинеската економија годинава ќе порасне за 8,1 проценти

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека кинеската економија ќе порасне за 8,1 проценти во 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Голем раст на бројот на невработени лица во 2020 година!

Објавено

на

Бројот на невработени лица се зголемил за 52.023 лица во периодот јануари-декември 2020 година, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување, пренесува „Мета“. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка се зголемила на 156.432 лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими – Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии

Објавено

на

Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада. (more…)

Продолжи со читање

Популарно