Connect with us

Колумни

Започнување на процесот на регулирање на криптовалутите

Објавено

на

Анонимноста што ја нудат крипто-валутите одамна им е позната на криминалците и терористите. Работејќи независно и настрана од будното око на Централните банки, крипто-валутите, како што е биткоинот, се пренесуваат директно од личност до личност и не можат да бидат попречени, ограничени, замрзнати, запрени, конфискувани или вратени назад.

По дефиниција, крипто-валутите се децентрализирани и затоа се исклучително тешки за контрола. Плаќањата и трансферите направени со криптовалути се надвор од контролата на банките и владите и го напаѓаат опсегот на монетарната политика.

Криптовалута е дигитално средство дизајнирано да работи како медиум за размена што користи силна криптографија за да обезбеди финансиски трансакции, да го контролира создавањето на дополнителни единици и да го потврди преносот на средствата. Денес има над 3.000 крипто-валути низ целиот свет, а Биткоинот е јасен лидер на пазарот.

Суштината на крипто-валутите е дека тие се потпираат на консензуална база на математички податоци, обезбедени со силна криптографија за која е потребна огромна компјутерска моќ за да се додаде во дигиталната книга каде што се зачувуваат информациите, познато како блокчејн. Тие се обезбедени со милиони компјутери кои постојано соработуваат едни со други.

Иако постојат многу различни крипто-валути, сите тие работат на истите основни принципи:

  • Децентрализирани се и не се потпираат на ниту една владина или регулаторна контрола;
  • Се потпираат на тоа дека ќе бидат надгледувани од “peer-to-peer control” (Услугата peer-to-peer (P2P) е децентрализирана платформа со која две лица комуницираат директно едни со други, без посредство од трета страна.)
  • Шифрирана е во безбедна низа податоци

Така, во свет каде што перењето пари е огромно и се поттикнува од застрашувачко ниво на софистицираност, крипто-валутите нудат совршено маскирање и служат за засилување на прашањето за нелегални текови на пари.

Што тогаш, може да се стори за да се наруши оваа навидум недопирлива валута?

Одговорот започна со новата 5-та Директива за спречување на перење пари, која земјите-членки на ЕУ имаа рок до 20 јануари 2020 година да ја спроведат во нивниот национален закон.

5-та Директива, како што е исто така познато, ќе донесе поголема транспарентност во финансиските трансакции за подобрување на борбата против перење пари и финансирање тероризам низ цела ЕУ. Заедно со неколку други цели, 5-та директива против перење пари ќе спречи ризици поврзани со употребата на крипто-валути за финансирање тероризам.

Поради недостаток на каква било владина регулатива и леснотијата со која може да се префрлаат пари без откривање, многумина се загрижени дека крипто-валутите им даваат на криминалците алатки за пренесување на недозволени средства низ целиот свет. Како резултат на овие проблеми и зголемувањето на популарноста на крипто-валутите, 5-та директива се обидува да додаде елемент на регулација и отчетност кон крипто-валутите и оние што ги користат.

Преку 5-та директива, виртуелните валути како што е Биткоин ќе имаат законска дефиниција. Платформите за виртуелни валути исто така, ќе станат регулирани субјекти во рамките на директивата. Ова значи дека тие ќе ги имаат истите обврски како и другите правни лица за спроведување на превентивни мерки и пријавување сомнителна активност. Додека многумина веќе спроведуваат должно внимание и пријавуваат сомнителни трансакции. Овие субјекти ќе треба да бидат регистрирани за цели на АМЛ и ќе бидат регулирани за цели на АМЛ на ист начин како и правните лица кои нудат финансиски услуги (и подлежат на истите регулаторни обврски за АМЛ). Ваквите промени ќе бидат значајни за релевантните деловни субјекти и веројатно значително ќе ги зголемат трошоците за регулаторна усогласеност.

Според 5-та директива против перење пари, субјектите треба да соберат информации не само за своите клиенти, туку и за други трети лица кои не се во директна врска со соодветните обврзани субјекти, како што се вистинските сопственици.

Една од најважните работи е тоа што даночните и националните власти исто така ќе можат да добијат информации од размената на виртуелни валути. За возврат, ова ќе им овозможи да ги поврзат адресите на виртуелните валути со идентитетот на сопственикот на виртуелните валути. Банкарските и сметките за плаќање ќе можат да се совпаѓаат со нивните соодветни сопственици на сметки, носители на полномошници и вистински сопственици, со што се намалува анонимноста.

На субјектите ќе им биде потрбна огромна и прилагодлива стратегија за спречување перење пари за да обезбедат усогласеност со прописите за АМЛ, вклучително и ефективен софтвер за спречување перење пари за да помогне во идентификување и следење на нелегалните средства.

Со оглед на тоа што Македонија не е членка на ЕУ, согласно тоа не беше подлежна на имплементација на оваа директива до 20 јануари 2020 година. Меѓутоа најавите се дека во наредниот период државата ќе започне усогласување со директивата, со што ќе се овозможи регулираност и многу поголема контрола на крипто-валутите.

Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари

Колумни

Што се припејд картички и како се користат за нелегални активности?

Објавено

на

По терористичките напади во Париз и Брисел, кои првенствено беа финансирани преку виртуелни валути и “анонимни” припејд картички, беше одлучено дека е потребна поголема контрола над овие видови плаќања. Фокусот е да се регулираат виртуелните валути и анонимни при-пејд картички, додека се подобруваат заштитните мерки за финансиски трансакции од и до земји со висок ризик. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Колумна на Игор Давков: Сидрото на финансиската стабилност

Објавено

на

Во ниту едно законодавство, барем не во оние земји од западниот свет, не е напишано дека над поединечна банка не може да се отвори стечај доколку не ги исполнува минималните законски барања. Само оваа година, во ЕУ се затворија десетина банки. Она што е важно е да не се наруши финансиската стабилност. Акционерите се одговорни за тоа дали капиталот на банката е адекватен на ризиците што банката ги презема во своето работење. Банките, како пазарни субјекти, може да одобруваат и поризични пласмани, вклучително и со послабо обезбедување, но тоа нужно бара поголем капитал. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Спортот како алатка за перење на пари

Објавено

на

Финансиската глобализација и огромната популарност на спортот ја зголемуваат ранливоста на спортската индустрија од корупција, перење на пари, затајување на данок итн. (more…)

Продолжи со читање




Популарно