Connect with us

Електронско банкарство

Започнете онлајн продажба со услугата за E-трговија на НЛБ Банка

Објавено

на

Пандемијата, која го зафати скоро целиот свет, ги промени навиките и однесувањето на поединците, но  и работењето на компаниите. Во новонастанатите услови луѓето се почесто се одлучуваат да пазарат од дома користејќи ги бенефитите на Е-трговијата која стана топ тема во текот на овие неколку месеци. НЛБ Банка како дел од сетот мерки и услуги кои ги стави на располагање за олеснување на последиците од пандемијата е и бесплатното користење на платежната платформа за E-трговија како услуга која овозможува врвно корисничко искуство и висок степен на безбедност при користење.

Се работи за иновативна алатка наменета за сите правни лица и трговци кои сакаат да се во тек со современите дигитални трендови и имаат желба и можност да го прошират својот канал на продажба и да отворат своја интернет продавница кој е достапна 24/7. Услугата на НЛБ Банка за Е-трговија  е достапна без трошоци за приклучок и без трошоци за месечно одржување во првите 6 месеци за сите нови клиенти. 

Изминатите неколку месеци бевме сведоци како потрошувачите беа принудени драстично да ги променат нивните навики при купување. Свесни сме дека електронската трговија може да помогне во зачувување на работните места за време на кризата. За многу ресторани кои мораа да се затворат за време на пандемијата, услугите за онлајн испорака станаа вистински спас. Во голем број случаи, Е-трговијата создаде нови економски можности. Ние сме тука да ги стимулираме овие можности за нашите клиенти и да ги направиме лесно достапни и поволни и што е најважно да имаат 24 часовна професионална поддршка и одржување на оваа услуга“, велат од Банката.

Она што ја прави оваа платформа современа и иновативна се низа функционалности како што се:  поддршката за безбедно зачувување на картичните податоци, иницирање на повторливи плаќања, едноставна интеграција со мобилни апликации и други.

Таа нуди врвна безбедност во плаќањето и функционира во целосна согласност со најновите безбедносни стандарди за сигурност на картичното плаќање  пропишани од страна на Visa и МasterCard. 

Повеќе информации во врска со оваа услуга може да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 – 600 или на следниот линк.

Електронско банкарство

Совети од НЛБ Банка за безбедно користење на НЛБ мКлик мобилното банкарство и NLB Pay мобилниот паричник

Објавено

на

За безбедно и сигурно користење на НЛБ мКлик мобилното банкарство и NLB Pay мобилниот паричник, НЛБ Банка подготви неколку корисни совети за своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Шпаркасе Банка ги претстави Sparky, новиот Viber Chat асистент и Sparkasse Viber Community

Објавено

на

Во услови кога светот се справува со една од најголемите пандемии што досега се појавиле во човештвото, Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

АЕТМ: Е-трговијата во месец март пораснала за 99% во однос на март претходната година

Објавено

на

Народната банка ги објави статистичките податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба заклучно до 31.03.2020 година.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно