Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Започна ФинХакатон 2: МојДДВ #МојаНаграда

Објавено

на

Од денеска до недела во Министерството за финансии, во заедничка организација со Фондот за иновации и технолошки развој, осум тима ќе треба да одговорат на предизвикот на ФинХакатон 2: МојДДВ #МојаНаграда – да креираат иновативна маркетинг стратегија за #МојаНаграда.

Како што истакна министерката за финансии Нина Ангеловска презентирајќи го предизвикот пред тимовите, целта на #МојаНаграда е преку иновативни решенија да се влијае на граѓаните да земаат фискални сметки и со тоа да се намали сивата економија.

“Пет месеци е во функција мобилната апликација МојДДВ и таа веќе ги дава резултатите. Наплатата на ДДВ е зголемена, има 180.000 граѓани кои активно скенираат околу 8 милиони фискални сметки месечно, или на дневно ниво 230-250.000 сметки. Со наградната игра одиме чекор понапред, да го зголемиме бројот на корисници, како и на скенираните сметки” – рече Ангеловска.

Таа посочи дека Европската комисија ги објавила најдобрите примери на земји кои се избориле со сивата економија преку наградни игри, и дека ваквата пракса почнува од 1960 година во Тајван, каде што организирале лотарија со сметки, по чие спроведување наплатата на данокот се зголемила за 30 отсто.

Ангеловска на презентацијата рече дека наградната игра ќе започне во декември, како и дека ќе има мал редизајн на мобилната апликација МојДДВ каде што ќе бидат вклучени месечните, тримесечните и дневните извештаи на скенирани сметки. Ќе има и форма за пријавување на нерегуларности, односно ќе има копче преку кое ќе може веднаш да се пријави нерегуларноста ако не се добие фискална сметка.

И Ангеловска и директорот на ФИТР Јован Деспотовски истакнаа дека ФинХакатонот е одлична можност за афирмирање на младите и воедно да се развие претприемничкиот дух кај нив.

“Ме радува што нашата заедничка иницијатива со Министерството за финансии за ФинХакатон 2 ги охрабри, во најголем број, студентите по маркетинг, графички дизајн и сродните науки. Од вкупно пријавени 8 тимови, имаме дури пет од академијата Бреинстер како и од три маркетинг агенции кои во своите тимови вклучија по тројца студенти. Ова е уште еден мотив да продолжиме со Владата да нудиме различни решенија и проекти. Со ова им покажуваме на младите но и на бизнис-секторот дека го вреднуваме нивниот талент и работиме континуирано младите да ја споделуваат својата креативност дома бидејќи имаат реална шанса да дојдат до работен ангажман” – рече Деспотовски.

ФинХакатон 2: МојДДВ #МојаНаграда е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании, регистрирани согласно законот за трговски друштва, кои можат да понудат иновативна маркетинг стратегија. Со цел поддршка на младите, заинтересираните компании мораа во својот тим да вклучат и студенти со запишани студии од областа на економијата, правото, организациските студии, дизајнот, односи со јавноста или сродни студии.

Од хакатонот треба да произлезе иновативна маркетиншка стратегија за следните 12 месеци за брендирање, предлог-концепт, дизајн, креатива, видео-концепт, предлог за извлекувањата и прогласувањето на победниците за наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“. Буџетот за имплементирање на стратегијата за победничкиот тим ќе изнесува 2 милиона денари.

Останато

Ангеловска: Следниот месец започнува МојДДВ#МојаНаграда, половина милион евра награден фонд

Објавено

на

Наградната игра МојДДВ#МојаНаграда ќе започне во текот на следниот месец и наградниот фонд за истата е половина милион евра, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Таа посочи дека #МојаНаграда претставува надградување на успешната мерка МојДДВ, како и дека по примерот на многу успешни пракси во светот, преку наградна игра ќе се стимулира борбата против сивата економија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Не ги пропуштајте најголемите Black Friday попусти на Grouper

Објавено

на

Празникот на попустите од година во година станува се попопуларен и кај нас, a љубителите на шопингот очекуваат со нетрпение да се впуштат во потрага по добри зделки и заштеда. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Расте членството во приватните пензиски фондови-задолжителните имаат 505.000, доброволните речиси 25.000 членови

Објавено

на

Бројот на членови кои издвојуваат средства во пензиските фондови со кои управуваат пензиските друштва во рамките на вториот и третиот пензиски столб е во постојан пораст. Според последните податоци од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), на крајот на октомври 2019 г. во вториот столб имаше нешто над 505.000 членови чии уплати изнесуваат околу 1,2 милијарди евра. Притоа, КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, управува со над 620 милиони евра на своите членови, Сава пензиски фонд- со околу 560 милиони евра, додека Триглав пензиски фонд, кој од годинава се вклучи во капитално финансираното пензиско осигурување – со околу 3,7 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange