Connect with us

Останато

Започна состанокот на финансиските лидери на замјите од Г-20 во Бали

Објавено

на

Министрите за финансии и гувернерите на банките на земјите од Г-20 денеска започнаа состанок на Бали, Индонезија, на кој се очекува да доминираат последиците од руската инвазија на Украина врз глобалната економија, во време кога инфлацијата расте.

Индонезискиот министер за финансии Шри Муљани Индравати го отвори дводневниот собир на финансиските лидери на Г-20 од богатите и брзо развојните земји, повикувајќи ги нивните колеги да најдат начини да „изградат мостови, а не ѕидови“.

Таа рече дека последиците од неуспехот ќе бидат „катастрофални“, особено за помалку богатите земји.

„Милиони и милиони, ако не и милијарди луѓе зависат од нас“, рече Индравати.

Состаноците на шефовите на финансии во Нуса Дуа, Бали, следат по состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 претходно овој месец, каде што учесниците не успеаја да се договорат за руската војна во Украина и нејзиното влијание врз светот.

Сепак, Индравати рече дека финансиските состаноци на Г-20 имаат предност што се помалку политички по природа.

Таа рече дека Индонезија се обидела да дејствува како „чесен посредник“ за да ги обедини поделените Исток и Запад во рамките на Г-20, поделба што се продлабочи откако Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари.

„Нема насоки за тоа како да се постигне договор со оглед на невидените тензии околу војната”, рече Индравати.

Финансиските лидери се обидуваат да координираат како да се движат низ нивните економии преку инфлацијата која бележи 40 годишен максимум, да ги деблокираат синџирите на снабдување од пандемијата на коронавирус и да ги зајакнат финансиските системи против идните ризици.

„Г-20 успеа да ги премости разликите во справувањето со глобалната финансиска криза од 2008 година и пандемијата”, рече Индравати.

„Акциите што ќе ги преземеме имаат многу важно влијание врз светот“, додаде таа.

Првично, тоа требаше да биде дискусија за најдобриот начин за закрепнување на светскиот економски раст по пандемијата на корона вирусот, но сега војната во Украина со кризата со храна и енергија е на врвот на приоритетите.

Сепак, средбата ќе биде можност за нова конфронтација меѓу западњаците кои ја осудуваат одговорноста на Москва за економските проблеми и големите земји во развој кои се против санкциите против Русија.

Русија ја претставуваат заменик-министерот за финансии Тимур Максимов и претставникот на руската централна банка Јелисавета Данилова, додека министерот за финансии Антон Силуанов се очекува да учествува преку видео врска.

Москва не испрати делегација на високо ниво по „многу директните критики“ што нејзиниот министер за надворешни работи ги претрпе минатата недела на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20, изјави западен извор за АФП.

Една од клучните цели на американската министерка за финансии Џенет Јелен и другите западни функционери ќе биде да постигнат договор за поставување ограничување на цената на руската нафта што би можело да помогне да се стави под контрола и да се ублажи високата инфлација, а истовремено да се ограничи пристапот на Русија до средства за финансирање на војната.

Јелен рече дека сè уште не е одлучено колкава ќе биде границата, но дека таа треба да биде таква што ќе и даде поттик на Русија да продолжи со производство на енергетски производи, за производството да биде профитабилно за Москва.

Останато

Инфлацијата ја уништува Турција

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се зголеми на 64,86 проценти, објави турскиот институт за статистика Туркстат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната инфлација во еврозоната во јануари падна на 2,8 проценти

Објавено

на

Според прелиминарните податоци на Евростат, во јануари годишната стапка на инфлација во Еврозоната се намалила на 2,8 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Берзите во пораст, расте и цената на нафтата!

Објавено

на

На азиските берзи цените на акциите пораснаа, најмногу на кинеските пазари, бидејќи тамошните власти најавија нови мерки за стимулирање на растот на втората по големина економија во светот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola-euro-2024/ https://austinpublishinggroup.com/a/parlay/ https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola/ https://austinpublishinggroup.com/a/sbobet/ https://compendiumapp.com/comp/dominoqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/pkv-games/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/bandarqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/pkv-games/ https://austinpublishinggroup.com/group/bandarqq/ https://compendiumapp.com/comp/pkv-games/ https://compendiumapp.com/comp/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/PCB/pkv-games/ http://compendium.pairserver.com/ http://compendium.pairserver.com/bandarqq/ http://compendium.pairserver.com/dominoqq/ http://compendium.pairserver.com/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-10k/ https://bankarstvo.mk/PCB/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/dominoqq/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot77/ https://compendiumapp.com/ckeditor/judi-bola-euro-2024/ https://compendiumapp.com/ckeditor/sbobet/ https://compendiumapp.com/ckeditor/parlay/ https://sabriaromas.com.ar/wp-includes/js/pkv-games/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/pkv-games.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/bandarqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/dominoqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-thailand.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-depo-10k.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-kakek-zeus.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/rtp-slot.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/parlay.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/sbobet.html/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/pkv-games/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/bandarqq/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/dominoqq/ https://www.knowafest.com/files/uploads/pkv-games.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/bandarqq.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/dominoqq.html https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-5k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-10k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot77.html/