Connect with us

Останато

Започна процесот за продажба на 100% од акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

Објавено

на

Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана („НЛБ”)  со ова го објавува започнувањето на барање на инвеститори за откуп на 100% од акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје („НЛБ НПФ“), друштво за управување со пензиски фондови со седиште во Македонија, што управува со два пензиски фонда во Република Македонија (пензиски фонд од задолжителниот втор столб и пензиски фонд од доброволниот трет столб), управувајќи со  средства од околу 370 милиони евра.

Понатамошни информации за НЛБ НПФ и НЛБ може да се најдат на интернет страницата на НПФ: http://www.nlbnpf.mk и на интернет страницата на НЛБ Групацијата: http://www.nlbgroup.si. НЛБ поседува 51% од акционерскиот капитал на НЛБ НПФ, а останатите 49% се во сопственост на НЛБ Банка АД Скопје, Република Македонија, фирма ќерка на НЛБ, која што го продава својот удел во акционеркиот капитал на НЛБ НПФ заедно со НЛБ.  

 

Одделот за корпоративни финансии на НЛБ го координира и го организира процесот на продажба во име на НЛБ и НЛБ Банка АД Скопје.  

 

Заинтересираните инвеститори за дополнителни информации за учество во процесот на продажба можат да се обратат до Карел Кач (тел. +386 1 476 5228; е-маил novi@nlb.si) или Бране Грегорец (тел. +386 1 476 5104; е-маил: novi@nlb.si) во Одделот за корпоративни финансии на НЛБ. НЛБ (преку Одделот за корпоративни финансии на НЛБ или на друг начин) и НЛБ Банка АД Скопје го задржуваат правото, секој од нив по своја процена, од кој било заинтересиран инвеститор да побараат понатамошни информации за инвеститорот и/или предвиденото финансирање на предложената инвестиција пред вклучување на инвеститорот во процесот на продажба.

 

Оваа објава е изработена исклучиво со цел да се известат потенцијалните инвеститори за можноста да го искажат својот интерес за процесот на продажба и на никој начин не ги обврзува ниту НЛБ, ниту пак НЛБ Банка АД Скопје да склучат некој вид на договор за продажба или друга трансакција со потенцијалниот инвеститор.  

 

Оваа објава не претставува, односно не е дел од понуда или повик за продажба или издавање, или пак убедување за купување или впишување на било кои хартии од вредност на НЛБ НПФ или хартии од вредност во било кој друг субјект, а освен тоа оваа објава или било кој дел од неа не смее да биде основа за каква било инвестициска одлука или договор, а во таа насока исто така било каква инвестициска одлука или договор во врска со истата.не смее да се потпира на објавата.

 

Оваа објава ќе биде достапна на интернет страницата на НЛБ (www.nlb.si) од 17.03.2017 година.

 

Останато

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти

Објавено

на

Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?

Објавено

на

Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)

Продолжи со читање


Популарно