Connect with us

Домашни банки

Започна продажбата на Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза објави дека на ден 24.09.2019 година, до Управниот одбор на  банката е доставена Понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје и Проспект за понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје, поднесени од страна на Штајермеркише Банк и Шпаркасен, АД ( Steiermärkische Bank und Sparkassen AG).

Со тоа започнува процесот на долгонајавуваната продажба на контролниот пакет на акции (74,53%) на Охридска банка којa во моментов е дел од групацијата Сосиете Женерал. Вредноста на оваа трансакција е околу 52 милиони евра.

Се очекува зделката да биде комплетирана кон крајот на оваа година и со тоа да започне процесот на спојување на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска Банка АД Скопје.

Охридска банка има вкупен капитал од приближно 650 милиони евра и повеќе од 400 вработени.

Штаермеркише Шпаркасе како групација е присутна во Македонија од 2008 година преку својата локална банка Шпаркасе банка Македонија со вкупен капитал од 350 милиони евра.

По преземањето на Охридска Банка, се очекува Штаермеркише Шпаркасе да има вкупен капитал од околу една милијарда евра во Македонија, со што ќе стане четврта најголема банка со пазарен удел на од околу 12-14%.

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје започнувајќи од 1-ви февруари ќе изврши промена на Тарифата за платен промет во земјата

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека почнувајќи од 01.02.2021 година направи измена во тарифата за надоместоци и услуги на Банката во делот на месечно одржување на трансакциона сметка за правни лица, се менуваат следните тарифни ставки и истите гласат: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). (more…)

Продолжи со читање

Популарно