Connect with us

Осигурување

Започна пријавувањето за бесплатниот Тренинг центар за образование и кариера во Винер Лајф

Објавено

на

Деновиве Винер Лајф претстави нова иницијатива за унапредување на развојот на млади и амбициозни кадри, кои сакаат да се стекнат со сертификат, вработување и напредување во кариерата во областите на менаџирање на продажбата на финансиски услуги.

Како општествено одговорна компанија, членка на Виена иншуренс груп со над 200 години традиција и 12 години присутност на македонскиот пазар, Винер Лајф помогнала на илјадници граѓани да ја испланираат и осигураат својата иднина, а сега одлучи дополнително да се посвети на помагање на сите заинтересирани лица, без разлика на образованието, кои би сакале да ја градат својата кариера во областа на продажба на финансиски услуги и менаџирање на продажбата.

Идејата за формирање на овој Тренинг центар потекна од среќавањето на сè поголемиот број заинтересирани и мотивирани лица кои се во потрага на работа во интернационални компании и финансиски услуги, но во текот на своето образовании немале можност да се стекнат и обучат со практични вештини.

Тренинг центарот ќе биде временски прилагоден за сите категории на граѓани и ќе биде воден од врвни ментори од областа на продажба и менаџмент од Винер лајф. Главен обучувач е Марко Дамевски, Менаџер за продажба во Винер лајф кој со своето 20 годишно искуство во овој домен, ќе им помогне на учесниците да се стекнат со вештини кои секој работодавач ги вреднува и наградува. Учесниците ќе се стекнат со практични бизнис вештини и знаења, како: презентирање на финансиски услуги, соработка и развој на релации со клучни клиенти, водење на продажниот процес и менаџмент на продажбата.

И што е најважно, сите учесници ќе добијат Сертификат, кој станува дел од нивното професионално портфолио и е од огромна важност и предност при потенцијални вработувања.

Најдобрите учесници на Академијата ќе добијат понуда за вработување, како дел од продажниот тим на Винер Лајф.

Сите заинтересирани може да се пријават со праќање маил со основни лични податоци (име, презиме, контакт телефон и е-маил адреса) и задолжителна назнака “Пријава за тренинг центар” на: kariera@winnerlife.mk најдоцна до 11.10.2022 година.

*Сите пријавени кандидати ќе бидат контактирани од страна на нашите кариерни ментори по завршетокот на датумот за пријавување со подетални информации во однос на местото и времето на одржување на обуката.

Винер Лајф ви стои на располагање за сите дополнителни прашања на: kariera@winnerlife.mk

Осигурување

Вложувањата во осигурување пораснаа 19%, надминаа 48 милиони евра за три месеци

Објавено

на

Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

Објавено

на

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 отсто во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот и Комерцијална банка со уникатна можност за обезбедување на корисниците на кредит при несакани животни ситуации

Објавено

на

Секој од нас има желби и соништа и тежнее кон тоа да си дозволи убави нешта за себе и за најблиските. Но, можеби овој момент не е најповолен за остварување на замислите или, пак, сме скептични да направиме нешто повеќе, стравувајќи за личната и иднината на своето семејство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно