Connect with us

Останато

Започна најголемиот тест во светот: Работната недела скратена на четири дена

Објавено

на

Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот.

Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата Глобал“, а во партнерство со тинк-тенк групата „Autonomi”, Кампањата 4 дена во неделата и истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ, пишува „Guardian”.

Истражувањето се заснова на шема од 100: 80: 100 – 100 проценти од платите за 80 проценти од работното време, во замена за задолжително одржување на 100 проценти продуктивност.

Џо О’Конор, извршен директор на непрофитната група „4 дена во неделата Глобал“, вели дека Обединетото Кралство е предводник на четиридневната работна недела.

„Како што излегуваме од пандемијата, се повеќе компании препознаваат дека квалитетот на животот е нова граница што ја дели конкуренцијата и дека работата со скратено работно време е фокусирана на резултати, алатка која им дава конкурентна предност“, рече тој.

Меѓу оние кои учествуваат во ова тестирање се компании кои обезбедуваат образование, советување на работното место, домување, нега на кожа, регрутирање градежни работници, храна и пијалоци и услуги за дигитален маркетинг.

Истражувачите ќе работат со секоја организација која учествува во проектот за да го измерат влијанието на скратената работна недела врз продуктивноста на бизнисот и благосостојбата на нејзините вработени, како и влијанието врз животната средина и родовата еднаквост.

Тестирањето на четиридневната работна недела, со поддршка на владите, треба да започне подоцна оваа година во Шпанија и Шкотска.

Џулиет Скор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ и главен истражувач на пилот-проектот, го опишува потфатот како „историски експеримент“.

„Ќе анализираме како реагираат вработените на дополнителниот слободен ден, во однос на стресот и исцрпеноста на работа, нивното задоволство од работата и животот, здравјето, спиењето, користењето електрична енергија, патувањето и многу други аспекти од животот“, објаснува таа.

Се додава дека четиридневната работна недела генерално се смета за политика на тројни бенефиции, помагање на вработените, компаниите и климата.

Ед Сиел, извршен директор на Черити банка, е горд што ова е една од првите банки во Обединетото Кралство што прифати четиридневна работна недела.

„Ние сме шампиони во однос на флексибилната работа долго време… За Черити банка, преминот кон четиридневна недела е природен следен чекор“, изјави Сиел.

Останато

Што научивме од овогодишната конференција за е-трговија?

Објавено

на

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, на 11-ти ноември се одржа Петтата конференција за е-трговија, на тема “E-commerce. Accelerate!”, на која присуствуваа над 470 лица со физичко присуство, а истата ја следеа и преку 130 лица со онлајн присуство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно