Connect with us

Домашни банки

Започна интеграцијата на Шпаркасе банка и Охридска банка предводена од Ассеко СЕЕ

Објавено

на

Ассеко СЕЕ доби комплексен проект во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со чија имплементација се очекува две од најдобрите пет банки во Северна Македонија, Шпаркасе Банка и Охридска банка да се спојат во една банка.

Тимот на Ассеко СЕЕ ја има честа и одговорноста да го води проектот на интеграција кој вклучува:

  1. Миграција и спојување на банкарските системи на двете банки
  2. Имплементација и прилагодувања на заедничкиот банкарски систем
  3. Надградба на банкарскиот систем на Охридска банка со сите Групациски барања од Steiermärkische Sparkasse

Спојувањето ќе се изврши на таков начин што сите неопходни податоци од банкарскиот систем на Шпаркасе банка ќе бидат пренесени (мигрирани) кон ИТ системот на Охридска банка.

Процесот на интеграција и имплементација ќе вклучува различни производи на Ассеко СЕЕ од речиси сите линии на производи.

Се очекува новата интегрирана банка да биде дел од првите 4 банки во Северна Македонија според вкупните средства, што дополнително ќе ја зајакне својата позиција на домашниот и меѓународниот пазар.

Овој проект е мошне предизвикувачките земајќи ги предвид постоечките услови за работа во време на пандемијата со корона.

Во согласност со планот на проектот, новата интегрирана банка се планира да започне да функционира најдоцна до крајот на вториот квартал во 2021 година.

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите за месец октомври, се изврши во 4 групи во сите отворени експозитури на банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Донација за СОУ Јосип Броз Тито од Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола донираше инвентар, училишни клупи и столчиња во гимназијата Јосип Броз Тито во Битола. (more…)

Продолжи со читање

Популарно