НБРМ
Започнаа Деновите на финансиската писменост: Народната банка со презентации за сите заинтересирани граѓани

Денес започна петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска.
Денес, со почеток во 14 часот ќе се одржи презентација на тема: Монетарната политика на Народната банка.
За следните денови се закажани презентации на следниве теми:
– Информации потребни при избор на кредит – 2 декември, во 10 часот;
– Платниот систем и платежните услуги – 2 декември, во 14 часот и
– Банкарската супервизија – 3 декември, во 14 часот.
Презентациите ќе се одржуваат преку интернет, на платформата „Вебекс“. Ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.
Пријавувањето за учество на презентациите е во тек. Заради организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес, сите заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака:
– на е-адресата: edukacija@nbrm.mk
– на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.
Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство.
Рокот за пријавување е најдоцна еден ден пред одржувањето на предавањето.
Годинешното издание на Деновите на финансиската писменост ќе трае до петок – 3 декември.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)
НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)
НБРМ
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје