Connect with us

Анализи

Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)

Објавено

на

Со цел подобро запознавање со водечките банкари во државата, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Банкарската фела во Македонија”.

Ова истражувањето има за цел да ги претстави највлијателните банкари во нашата држава кои раководат со комерцијалните банки, како и нивниот регулатор Народната банка на Република Северна Македонија.

Од истражувањето на Банкарство.мк во вкупно 15 банки во земјава, дојдовме до податок дека Управните одбори на банките се составени од најмалку два члена, а најмногу од 4 членови.

Најмногуброен Управен одбор имаат Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка и Халкбанк АД Скопје чиишто состав брои по четири членови.

По три членови во Управниот одбор имаат Комерцијална банка АД Скопје, УНИБанка, ПроКредит Банка, Стопанска банка а.д. Битола и Централна кооперативна банка.

Само по два члена во Управниот одбор имаат Шпаркасе Банка Македонија, Охридска банка АД Скопје, ТТК Банка, Силк Роуд Банка, Капитал Банка и Развојната банка на Северна Македонија.

Кај регулаторот, Советот на Народната банка на Република Северна Македонија е составен од четири извршни членови и два неизвршни членови.

Извршни членови

  • д-р Анита Ангеловска-Бежоска – Гувернер

  • д-р Фадил Бајрами – Вицегувернер

  • м-р Емилија Нацевска – Вицегувернер

  • м-р Ана Митреска – Вицегувернер

Неизвршни членови

  • д-р Синиша Наумоски

  • д-р Гадаф Реџепи

Д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија во мај 2018 година. Таа е гувернер за Република Северна Македонија во Одборот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и член на Управниот одбор на Виенската иницијатива 2, како претставник на шесте земји од регионот на Југоисточна Европа коишто се уште не се членки на Европската Унија (ЕУ). Таа стапи на функцијата гувернер по речиси дванаесетгодишно претходно работно искуство во Народната банка, и тоа, најпрво како главен економист, а потоа, безмалку осум години како вицегувернер задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика, при што беше и заменик-гувернер за Република Македонија во Одборот на гувернери на ММФ.

Пред да пристапи кон тимот на централната банка, таа има двегодишен работен ангажман во ММФ, во Вашингтон, САД, првенствено како економист во Одделот за макроекономски политики во европските земји, а краток период и во Одделот за фискални политики.

Д-р Фадил Бајрами е Вицегувернер на Народната банка од септември 2005 година, а претходно од 1999 до 2005 бил член на Советот на Народната банка.

Најдолг стаж во Советот на Народната банка има м-р Емилија Нацевска којашто во моментов ја извршува функцијата Вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. На оваа позиција е поставена од септември 2003 година. Таа е дел од Народната банка уште од далечната 1987 година со прва работна позиција Помлад девизен аналитичар во Отсекот за меѓународни односи во Дирекцијата за девизно работење. По речиси десетгодишно работно искуство во 1997 година напредува до функцијата Директор на Дирекцијата за платен биланс на Народната банка каде што се задржува до 2003 година.

Најмлад извршен член на Советот на Народната банка е м-р Ана Митреска којашто во моментов ја извршува функцијата Вицегувернер на НБРСМ, а воедно е и Директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во Народната банка.

Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го сочинуваат:

  • Диомидис Николетопулос – Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор;
  • Тони Стојановски – Генерален Директор за корпоративно банкарство и член на Управен Одбор;
  • Милица Чапаровска – Јовановска – Генерален Директор за банкарство на мало и член на Управен Одбор;
  • Бојан Стојаноски – Генерален Директор за управување со ризици и член на Управен Одбор.

Веќе подолг период успешно функционира овој состав на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, која веќе неколку години по ред е најпрофитабилната банка во државата со значително повисок профит во однос на конкурентите.

Претседателот на Управниот одбор, Диомидис Николетопулос е на челната позиција во Стопанска банка АД – Скопје од 2013 година, а истата година во менаџерскиот тим на банката се приклучи и Генералната Директорка за банкарство на мало, Милица Чапаровска – Јовановска. Најдолг стаж во Управниот Одбор на Стопанска банка АД – Скопје има генералниот директор за корпоративно банкарство м-р Тони Стојановски кој е дел од менаџерскиот тим на банката од 2010 година. Речиси 10 години ја извршуваше улогата на Генерален Директор за управување со ризици, а од претходната година да ја презема функцијата Генерален Директор за корпоративно банкарство.

Претходната година Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје беше надополнет со уште еден член во името на м-р Бојан Стојаноски. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка АД – Скопје, Стојаноски претходно успешно ја градеше својата кариера во Халкбанк АД Скопје на значајни позиции, меѓу кои директор на Сектор за кредитирање, Секторот за финансиско управување и планирање, Секторот за управување со лоши пласмани, Секторот за управување со средства и ликвидност, како и Секторот за маркетинг и продажба.

Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје го сочинуваат:

  • Антонио Аргир – Претседател на Управен одбор;
  • Петер Зелен – член на Управен одбор;
  • Гинтер Фриедл – член на Управен одбор;
  • Игор Давчевски – член на Управен одбор;

Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во изминативе години претрпе значителни промени. Претседателот на Управниот одбор, Антонио Аргир на челната позиција во НЛБ Банка АД Скопје дојде на почетокот на 2016 година, а член на Управниот одбор е од јули 2015 година.

Пред да се приклучи на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, Аргир беше долгогодишен директор на деловната мрежа на експозитури и член на Одборот за управување со ризици во НЛБ Банка.

Во декември 2018 година Гинтер Фриедл стана дел од Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, а претходно беше дел од од НЛБ д.д. Љубљана, каде работеше на функцијата на Регионален менаџер задолжен за Северна Македонија и Косово.

Најнови членови во Управниот одбор на НЛБ Банка се Петер Зелен и Игор Давчевски кои се приклучија кон менаџерскиот тим на почетокот на изминатата 2020 година. Петер Зелен пред да се приклучи на Управниот одбор на НЛБ Банка, беше дел од Надзорниот одбор на банката, а истовремено ја извршуваше и функцијата претседател на одборот за ревизија. Игор Давчевски пред да стане дел од Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, ја извршуваше функцијата Директор на сектор за платни системи.

Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:

  • Билал Суџубаши – Главен Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор;
  • Турхан Адеми – член на Управен одбор;
  • Букет Геречџи – член на Управен одбор;
  • Томче Тасевски – член на Управен одбор;

Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје од 2017 година успешно функционира со сегашниот состав односно од 26.12.2017 година, кога д-р Билал Суџубаши стапи на функцијата Претседател на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје. Претходно, во текот на својата кариера д-р Билал Суџубаши работел како службеник во филијалата на Халкбанк во Даренде, како заменик раководител на Дирекцијата за организација, Директор на филијалата во Аксарај/ Ортаќој, Директор на Секторот за маркетинг за физички лица во Регионалниот координативен центар Дијарбакир, Директор на Секторот за корпоративен маркетинг, Директор на комерцијалната филијала во Мерсин и Директор на Секторот за корпоративен маркетинг во Халк Банкаси А.Ш. Турција.

Најдолг стаж во Управниот Одбор на Халкбанк АД Скопје имаат извршните директори Томче Тасевски и Турхан Адеми кој се дел од менаџерскиот тим на банката од самиот почеток по ребрендирањето од ИК Банка во Халкбанк АД Скопје.

Томче Тасевски во 2009 година е назначен и за претседател на Одборот за управување со ризици.

Професионална кариера на Турхан Адеми оди по нагорна линија започнувајќи од 1994 година кога тој е активен во ИК Банка, а од 1999 година добива различни позиции како директор на одделот за кредитирање, трезор и ликвидност, директор на Одделот за брокерство, како и в.д. директор на филијалата на ИК Банка во Битола. Турхан Адеми ја извршувал и функцијата в.д. генерален директор на ИК Банка од 1995 до 1996 година. Тој исто така бил на позицијата на Заменик директор на Зираат Банка АД Скопје од 1999 до 2001 година. По краток период, во март 2001 година е унапреден во генерален директор, позиција која помеѓу другите одговорности вклучува и членување во Одборот за управување со ризици. По успешното преземање на Зираат Банка АД Скопје од страна на Халкбанк АД Скопје, тој станува член на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.

Единствената жена во оваа управувачка структура на Халкбанк АД Скопје е Букет Геречџи, којашто во Управниот одбор се приклучи во март 2015 година. Букет Геречџи е надлежна за Секторот за човечки ресурси и организација и Секторот за операции и информациски системи.

Анализи

8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Објавено

на

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Објавен Макроекономскиот монитор на Фајнанс тинк за четвртиот квартал минатата година

Објавено

на

Во четвртиот квартал од 2020 година, БДП се намали за -0,7 проценти, што е во линија со иницијалната проекција од „Finance Think” од -0,8%. Во овој квартал, продолжи растот на јавната потрошувачка (6,6%) како резултат на државната помош за намалување на социо-економските последици од корона-кризата, но со помал интензитет од претходно, се порачува во Макроекономскиот монитор Q4 2020 што го објави „Finance Think”. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Извештај за истражувањето на Финтек секторот во Северна Македонија

Објавено

на

Во текот на септември 2020 година, со финансиска и техничка подршка од Европскиот фонд за техничка подршка за Југо-Источна Европа, се спроведе истражување за Финтек секторот во Северна Македонија. Истражувањето се спроведе под покровителство и координација од страна на Народната Банка на Северна Македонија во соработка со консултантска куќа од Англија за Финтек Вендави. (more…)

Продолжи со читање



Популарно