Connect with us

Анализи

Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)

Објавено

на

Со цел подобро запознавање со водечките банкари во државата, Банкарство.мк спроведе истражување на тема „Банкарската фела во Македонија”.

Ова истражувањето има за цел да ги претстави највлијателните банкари во нашата држава кои раководат со комерцијалните банки, како и нивниот регулатор Народната банка на Република Северна Македонија.

Од истражувањето на Банкарство.мк во вкупно 15 банки во земјава, дојдовме до податок дека Управните одбори на банките се составени од најмалку два члена, а најмногу од 4 членови.

Најмногуброен Управен одбор имаат Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка и Халкбанк АД Скопје чиишто состав брои по четири членови, за кои подетално пишувавме во првиот дел од анализата.

По три членови во Управниот одбор имаат Комерцијална банка АД Скопје, УНИБанка, ПроКредит Банка, Стопанска банка а.д. Битола и Централна кооперативна банка.

Само по два члена во Управниот одбор имаат Шпаркасе Банка Македонија, Охридска банка АД Скопје, ТТК Банка, Силк Роуд Банка, Капитал Банка и Развојната банка на Северна Македонија.

Кај регулаторот, Советот на Народната банка на Република Северна Македонија е составен од четири извршни членови и два неизвршни членови.

Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје го сочинуваат:

  • Хари Костов – Главен Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор;
  • Илија Илоски – Главен Оперативен Директор и член на Управен Одбор;
  • Маја Стевкова Штериева – Главен Финансов директор и член на Управен Одбор.

Членовите на Управниот одбор на Комерцијална банка веќе подолг период успешно раководат со Банката, која со години наназад се вбројува во топ 3 банките во нашата држава. За успешната работа на Хари Костов, Илија Илоски и Д-р Маја Стевкова Штериева доволно говори податокот дека и во услови на економска и пред се здравствена светска криза поради пандемијата на коронавирусот, Комерцијална Банка во изминатата 2020 година од своето работење оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.912,0 милиони денари односно неверојатни 29,4 милиони евра.

Претседателот на Управниот одбор, Хари Костов е на челната позиција во Комерцијална банка АД Скопје од 1996 година. Тој својата кариера ја започна во Владата на Република Македонија во 1983 година, каде, меѓу другото, работел како Стручен соработник во Кабинетот на Претседателот, Советник во Кабинетот на Претседателот, Советник во Извршниот совет на Собранието на РМ, Советник во Кабинетот на Претседателот на Владата, за во 1994 година да биде именуван за Заменик-министер за финансии. Во 1995 година заминува во САД како Помошник-извршен директор во Светска банка.

Во Комерцијална банка АД Скопје доаѓа како Генерален директор во 1996 година. Во периодот од 2002 до 2004 година повторно заминува во Владата на Република Македонија како Министер за внатрешни работи, а подоцна станува Премиер на Владата на Република Македонија. Од 2004 година продолжува да работи во Комерцијална банка АД Скопје како Прв генерален директор, каде од 2008 година ја извршува функцијата Главен извршен директор и е Претседател на Управниот одбор.

Илија Илоски во Комерцијална банка АД Скопје доаѓа во 2006 година како Генерален директор, a од 2008 година ја извршува функцијата Главен оперативен директор и е член на Управниот одбор. Претходно, работел како Генерален директор во Македонска банка за поддршка на развојот и во Царинската управа на Република Македонија.

Единствената жена во оваа управувачка структура на Комерцијална банка АД Скопје е Д-р Маја Стевкова Штериева, којашто во Управниот одбор се приклучи во 2008 година, а воедно ја извршува и функцијата Главен финансов директор.

Д-р Маја Стевкова Штериева е член на Надзорниот одбор на Друштвото за управување со пензиски фондови КБ Прво пензиско друштво од 2017 година, во кое Комерцијална банка поседува 49% од капиталот. Во 2019 година избрана е за Претседател на Македонската банкарска асоцијација.

Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје го сочинуваат:

  • Милка Тодорова – Главен Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор;
  • Владислав Хаџидинев – Извршен Директор и член на Управен Одбор;
  • Делчо Крстев – Извршен Директор и член на Управен Одбор.

Претседателот на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје, Милка Тодорова започнува со работа во Универзална Инвестициона Банка АД Скопје –УНИ Банка во 2011 година како член на Надзорен одбор, функција која ја извршува до 2018 година.

Во 2019 година, г-ѓа Милка Тодорова извршува функции на Извршен директор и Претседател на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје. Милка Тодорова одговорноста во Банката ја има за работењето на: Дирекција Правни работи, Служба за контрола на усогласеност со прописи и спречување перење пари и финансирање тероризам, Дирекција Мрежа на експозитури, Дирекција Банкарство за население, Дирекција Кредитен центар, Дирекција Човечки ресурси и Дирекција Маркетинг и реклама.

Пред да се приклучи во банката, г-ѓа Милка Тодорова има работено и извршувано повеќе функции во Прва Инвестициона Банка АД Софија и тоа како: кредитен експерт за корпоративно банкарство, заменик директор за корпоративно банкарство, директор на Дирекција за кредитирање на мало како и член на Управен одбор. Исто така во периодот 2013 -2014 година беше извршен директор на Унионбанк АД Софија.

Милка Тодорова e независен член на надзорниот одбор на Интернационален Картичен Систем АД Скопје.

Владислав Хаџидинев и се приклучува на УНИБанка АД Скопје во 2015 година како Извршен директор и Член на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје, а со промената на организациската шема во мај 2016 година Хаџидинев е избран и именуван за Главен директор за финансии, Член на Управниот одбор и Извршен директор.

Од јануари 2019 година, со новата организациска шема, г-дин Хаџидинев извршува функции на Извршен директор и Член на Управниот одбор.

Пред тоа Владислав Хаџидинев бил дел од Прва Инвестициона Банка АД Софија, Бугарска Народна Банка и Адви Корп во Лондон. Во неговата кариера има работно искуство во Приватното Банкарство, Управување со инвестициско портфолио и трговија со хартии од вредност.

Владислав Хаџидинев одговорноста во Банката ја има за работењето на: Дирекција Управување со ризик, Дирекција Управување со проблематични пласмани, Дирекција Финансии и сметководство, Дирекција Информатички технологии, Дирекција Платни системи, Дирекција, Картично работење и Дирекција Кредитна администрација.

Делчо Крстев започнува со работа во Универзална Инвестициона Банка АД Скопје –УНИ Банка во 2003 година како Директор на Дирекција за корпоративно кредитирање.

Во 2008 година е именуван за Извршен директор и Член на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје и оваа функција ја извршува се до 2016 годаина. Со промената на организациската шема во мај 2016 година г-дин Крстев е избран и именуван за Главен директор за кредитирање, Член на Управниот одбор и Извршен директор.

Од јануари 2019 година, со новата организациска шема, г-дин Крстев извршува функции на Извршен директор и Член на Управниот одбор.

Делчо Крстев одговорноста во Банката ја има за рaботењето на: Дирекција Корпоративно банкарство, Дирекција Стратешки клиенти, Дирекција Трежри и Дирекција Небанкарски дејности.

Пред да се приклучи на УНИБанка АД Скопје, г-дин Делчо Крстев работи како Кредитен инспектор во Прва Инвестициона Банка АД Софија.

Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола го сочинуваат:

  • Владимир Ефтимоски – Претседател на Управен Одбор;
  • Гордана Балтовска – Член на Управен Одбор;
  • Наташа Несторовска – Член на Управен Одбор.

Владимир Ефтимоски е на позицијата Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола од Јануари 2013 година.

Тој својата кариера ја започна во ТЦ Зираат Банка во Скопје како систем инженер, а потоа продолжил во Инвест банка АД Скопје на работната позиција самостоен систем инженер кадешто работел се до 09.2001 година. За периодот од 8 години додека работел во Инвест банка АД Скопје тој работи на следните позиции: во периодот од 2001 до 2005 година како Директор на Сектор за платен промет во земјата, во периодот од 2005 до 2008 година како Директор на Сектор за платни системи, и од 2008 до 04.2009 година како Директор на Деловен центар за платни системи и ИТ.

Во периодот од 04.2009 година до 04.2012 година господин Владимир Ефтимоски работи во Шпаркасе банка Македонија АД  Скопје како член на УО. Почнувајќи од 04.2012-01.2013 година работи во Стопанска банка а.д. Битола како советник на УО, а од јануари 2013 година како Претседател на УО, на која позиција е и во моментот. Од 04.2015 година тој е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Освен тоа членува и во Одборот на директори и во академскиот совет на Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ.

Гордана Балтовска е член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола од септември 2013 година и во нејзина одговорност се следните сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за поддршка и финансии, Сектор за усогласеност со прописи, човечки ресурси, АМЛ, ОСИС лице.

Наташа Несторовска е член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола од декември 2010 година и во нејзина одговорност се следните области: Сектор за процесирање, Сектор за управување со имот и безбедност, Сектор за маркетинг и комуникација.

Таа е дел од Стопанска банка а.д. Битола уште од далечната 1998 година, најпрво како референт во Служба за девизен режим и платен промет со странство, за во 2005 година да биде именувана за Директор на Сектор за работа со население, девизен режим и платен промет со странство.

Управниот одбор на ПроКредит Банка го сочинуваат:

  • Јованка Јолеска Поповска – Генерален директор и член на Управен одбор;
  • Емилија Спировска – Член на Управен Одбор;
  • Стевче Кузмановски – Член на Управен Одбор.

Генералната директорка Јованка Јолеска Поповска е долгогодишен член на Управниот одбор на ПроКредит Банка уште од далечната 2005 година, додека пак Емилија Спировска е член на Управниот одбор на на ПроКредит Банка од 2008 година.

Најнов член е Стевче Кузмановски кој се приклучи кон Управниот одбор на ПроКредит Банка претходната 2020 година.

Управниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје го сочинуваат:

  • Неделин Валчев – Прв Генерален Директор и Претседател на Управен Одбор;
  • Орце Трајковски – Член на Управен Одбор;
  • Станимир Станчев – Член на Управен Одбор.

Претседателот на Управниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје, Неделин Валчев кој воедно е и прв Генерален Директор на Банката е дел од УО од 2008 година.

Орце Трајковски е членот со најдолг стаж во Управниот Одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје кадешто е дел од 2007 година, додека последен член кој се приклучи кон Управниот Одбор на Банката е Станимир Станчев во 2013 година.

Анализи

8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Објавено

на

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Објавен Макроекономскиот монитор на Фајнанс тинк за четвртиот квартал минатата година

Објавено

на

Во четвртиот квартал од 2020 година, БДП се намали за -0,7 проценти, што е во линија со иницијалната проекција од „Finance Think” од -0,8%. Во овој квартал, продолжи растот на јавната потрошувачка (6,6%) како резултат на државната помош за намалување на социо-економските последици од корона-кризата, но со помал интензитет од претходно, се порачува во Макроекономскиот монитор Q4 2020 што го објави „Finance Think”. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Извештај за истражувањето на Финтек секторот во Северна Македонија

Објавено

на

Во текот на септември 2020 година, со финансиска и техничка подршка од Европскиот фонд за техничка подршка за Југо-Источна Европа, се спроведе истражување за Финтек секторот во Северна Македонија. Истражувањето се спроведе под покровителство и координација од страна на Народната Банка на Северна Македонија во соработка со консултантска куќа од Англија за Финтек Вендави. (more…)

Продолжи со читање



Популарно